6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Touran е поголем, но полесен (фото+видео)

Новиот Touran е поголем, но полесен (фото+видео)

touran

„Volkswagen“ ја откри новата генерација на моделот „Touran“, чија светска премиера ќе се одржи следната недела во Женева.

touran1

Третата генерација на „Touran“ продолжува со познатиот дизајн за „MPV“ возила, но демонстрира поизразена надворешност благодарение на моменти од новиот дизајнерски јазик на „Volkswagen“.

touran2

Внатрешноста стана видливо поудобна, а притоа е опремена со најновите инфо-забавни системи на „Volkswagen“, вклучувајќи ги „Android Auto“ на „Google“ и „Car Play“ на „Apple“.

Новиот „Touran“ е изграден на платформата „MQB“, па така е за 13 см. подолг од својот претходник. Меѓуоскиното растојание е зголемено за 11 сантиметри, отворајќи дополнителен простор во внатрешноста, но истовремено вкупната маса на моделот е намалена за 62 кг. Обемот на багажникот е зголемен за 48 литри.

touran3

Возилото може да се опреми со 5 или 7 места, нудејќи избор од турбо-бензински и турбо-дизел мотори. Бензинскиот спектар е претставен од 1.2 TSI (110 КС) и 1.4 TSI (150 КС), а дизелот со 1.6 TDI (110 КС) и 2.0 TDI (150 КС или 190 КС).

touran4

Премиерата на моделот ќе се одржи во Женева, каде „Volkswagen“ ќе го покаже и обновениот „Sharan“. На пазарот новата генерација „Touran“ ќе биде достапна од почетокот на летото, а првите испораки на клиентите ќе бидат реализирани во текот на втората половина на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП