23 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на BHP Billiton падна за 31% на годишно ниво за последното...

Профитот на BHP Billiton падна за 31% на годишно ниво за последното полугодие

bnpbilliton

Профитот на гигантот „BHP Billiton“ била погоден од пад на цените на железната руда, јагленот, бакарот и други суровини, објави „ВВС“.

Главната добивка за втората половина на 2014-та година е намалена за 31% на годишно ниво до 5,35 милијарди долари, но тоа е над очекувањата на водечките аналитичари во индустријата.

За да се компензира падот на цените, „BHP“ направи големи намалувања на трошоците за студии и другите инвестиции. Компанијата потроши 6,4 милијарди долари во последното полугодие – пад за 23% на годишна основа.

„Почнавме да се подготвуваме за подолг период на пониски цени од пред речиси три години преку зголемување на нашиот фокус на ефикасноста и намалување на инвестициите“, изјави главниот извршен директор Андреј Мекензи.

„BHP Billiton“ размислува за одвојување на средства во нова компанија за 14 милијарди долари.

„Оттогаш сме постигнале зголемување на продуктивноста со близу 10 милијарди долари годишно и ги намаливме капиталните расходи за речиси 40%“, рече тој.

„BHP“ планира да го одвои бизнисот со алуминиум и манган во самостојна компанија во текот на летото, која исто така ќе вклучува никел и сребрени рудници и некои рудници за јаглен во Австралија и Јужна Африка.

Компанијата беше погодена и од падот на цените на нафтата. Минатиот месец „BHP Billiton“ објави 40% намалување на операциите со шкрилци во САД, а до крајот на јуни ќе го намали бројот на сонди од 26 на 16.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП