18 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 24.02.2015

Дневен хороскоп 24.02.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Некој сака со вас да ја обнови соработката, можно е да станува збор за Водолија, Рак или некоја Риба. Денес сте преосетливи и нема да можете да се запрете да не кажете што мислите за критиките кои се упатени до вас. Имате можност да се договорите со некоја Вага околу некој важен проект или заеднички пат.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Транзитот меѓу планетите преку Овен ве прави нервозни, недоверливи и подготвени со многумина да се искарате. Можно е погрешно да процените некои зборови или постапки. Можни се поволни вести во врска со пари. Очекувате некој да ви пренесе поволни вести.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Имате стратегија со која успешно ги завршувате работните обврски. Вашите колеги и соработници овој ден ќе бидат презадоволни од вашата помош. Имате среќа и на полето на љубовта, вашиот партнер ќе ве изненади со нешто прекрасно. Уживајте во заедничките моменти.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Некои средства, пари или имот ќе пристигнат до вас. Можеби ќе се чудите како среќата ве посакала токму вас, но тоа е сосема нормално, бидејќи овој период е доста поволен од финансиски аспект. Ќе добиете некои пари, кои веќе сте ги заслужиле со напорната работа. Забавувајте се, излезете со пријателите и поминете си убаво.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Можеби денес ќе ве огрее некаква среќа што се однесува до парите, можеби тоа ќе биде платата или пак некои ветени средства што сте ги очекувале. Сепак, внимавајте на вашите финансии, лошо ги распределувате. Вашите соработници се задоволни од вашето учество во важните проекти, продолжете така.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Доаѓаат многу нови работи и сега не знаете како да реагирате. Не плашете се да поставувате прашања. Ќе ви биде многу полесно доколку сте подготвени и кога имате повеќе информации, па затоа прашајте ги луѓето што се околу вас. Нема да можете да изберете што сакате, а што не. Подгответе се за нови нешта.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Договарајте средби со колеги и бизнис соработници надвор од работното место. Во порелаксирана атмосфера ќе можете да извлекувате многу повеќе информации кои ќе ви помогнат да се вивнете кон успехот. Вашето семејство безрезервно ве поддржува во вашите планови, заблагодарете му се за тоа.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Промените се на чекор од вас, но сепак немате доволно информации кои ќе ги донесат промените и затоа не знаете дали треба да се радувате. Важно е да знаете што добивате од овие промени кои следат. Можеби нема целата работа да функционира на начинот на кој сакате. Меѓутоа, многу нешта може да бидат онака како што сакате, ако работите напорно и доволно.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Заедно со саканата личност ќе пронајдете начин како вашите приходи да бидат поголеми. Домашниот буџет ќе се полни а вие ќе уживате во заедничката среќа. Нека не ве плашат препреките, за секој проблем постои решение. Одлучноста ќе ви помогне многу побрзо да напредувате.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Каде и да одите, ќе бидете добредојдени, бидејќи ќе ширите позитивна енергија со хумористични коментари и дипломатски приод во секој разговор. Со вашата страст за дискутирање ќе привлечете многу обожаватели. Ова е одличен период за склопување на нови договори и проширување на деловните контакти.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Пред вас се денови богати со прилики за развој. Бидете отворени, пресретливи, почитувајте ги другите како и себе и ќе видите дека можете речиси се. Немојте да се преценувате или да се потпирате на стара слава. Ова е почеток на просперитетен период.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Можеби за вас следи тежок период, но вие нема да ја загубите силата и надежта. Пријателите ќе ве повикаат на заедничко патување на кое ќе остварите важни контакти. Некој ваш близок ќе побара помош од вас, не се срамете да го одбиете доколку не сте во состојба да му помогнете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП