29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMansory го доработи Lamborghini Huracan (фото)

Mansory го доработи Lamborghini Huracan (фото)

mans lam

Тунинг-работилницата „Mansory“ подготви програма за доработка на моделот „Lamborghini Huracan“, која го опфати само изгледот на автомобилот, туку и неговиот мотор. Возилото ќе дебитира пред публиката на претстојниот саем во Женева.

Десетцилиндрскиот мотор со зафатнина од 5.2-литри кај „Lamborghini Huracan“ е атмосферски и развива 610 КС и 650 Nm вртежен момент. По интервенцијата на инженерите од „Mansory“ тој доби турбина, па така сега испорачува 850 КС и 780 Нм.

mans lam1

Покрај турбината, автомобилот е опремен со нов издувен систем, со модернизирано гориво, како и со репрограмиран блок за управување на моторот и со преработен менувач.

Од 0 до 100 км/час новата верзија на „Huracan“ забрзува за 2,9 секунди, а максималната брзина е 330 км/ч. За споредба стандардната верзија на овој модел развива до 100 км/ч од место за 3,2 секунди и постигнува максимална брзина од 325 км/ч.

mans lam2

Покрај тоа, возилото доби нови браници, бандажи, дифузор и антикрило, направено од јаглеродни влакна. Претставник на „Mansory“ тврди дека овие елементи овозможија да се намали тежината, но не прецизира колку.

Меѓу другите доработки на тунинг-работилницата се корпоративни 20 и 21-инчни тркала, нов волан, алуминиумски педали, карбон елементи во внатрешноста и комбинација од црвена и црна кожа во кабината.

mans lam3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП