3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕИГ ги превзема HDI Бугарија и Украина

ЕИГ ги превзема HDI Бугарија и Украина

eu

ЕВРОИНС ИНШУРАНС ГРУП (ЕИГ) потпиша купопродажен договор со TALANX INTERNATIONAL (со седиште во Хановер – Германија) за превземање на осигурителниот бизнис на TALANX во Бугарија и Украина соодветно преку HDI Осигурување и HDI Strakhuvannya.

Бруто приходот на двете компании кои се предмет на оваа зделка во 2013 изнесувал 13 милиони евра за Бугарската компанија и 16 милиони евра за Украинската компаниjа. Добивката пред оданочување (EBIT) на двете компании изнесува околу 1 милион Евра за 2013 година.

Трансакцијата е предмет на одобрување од страна на регулаторните органи и се очекува да биде финализирана заклучно со вториот квартал во 2015.

Превземањето на HDI Бугарија и Украина е во линија со стратегијата за проширување на ЕВРОХОЛД Групата и зајакнување на доминантната позиција како водечка осигурителна компанија во регионот на Централна и Источна Европа. Оваа зделка е природно продолжување на веќе реализираните успешни превземања на Interamerican Бугарија и бизнисите на QBE во Бугарија и Романија. По ова превземање ЕИГ ќе има бизнис операции во 5 држави со годишна бруто полисирана премија од преку 200 милиони Евра.

Како составен дел на оваа трансакција актуелниот извршен директор на HDI Бугарија, Г-дин Петер Аврамов се приклучува на ЕВРОИНС Бугарија на позицијата главен извршен директор на компанијата. Ова назначување ќе обезбеди непречен процес на транзиција на спојувањето на двете компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП