26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОбновената Toyota Auris (фото)

Обновената Toyota Auris (фото)

auris n

Фотографии и информации за обновениот модел „Auris“, откри јапонската компанија „Toyota“. Популарниот автомобил ќе има премиера во Женева, каде ќе ја видиме и целосно новата верзија „Auris Cross“.

auris n1

Од сликите станува јасно дека со модернизацијата „Auris“ добил нова предница, извршена во стилот на најновите модели на „Toyota“, вклучувајќи го „Avensis“. Фотографиите на задница засега ги нема, но се очекува дека таму промените ќе бидат слични – различни светла, браник и задна врата.

auris n2

Внатрешноста исто така била подложена на модернизација, а тоа влијае на декоративните елементи, отворите за воздух и централната конзола која има добиено и поголем информативен екран.

Во однос на моторите на моделот од „Toyota“ објавено е само дека палетата на хечбекот и караванот „Auris“ добиле нови и обновени дизел, бензински и хибридни агрегати.

auris n3

Иако не е официјално потврдено, голем број светски изданија посочуваат дека обновената верзија на „Auris“ ќе добие целосно нов член. Тоа е теренец верзија, која се одликува со зголемено тло, заштитни елементи на каросеријата и погон на сите четири тркала, што ќе се нуди како опција.

auris n4

Предметниот модел најверојатно ќе го добие името „Auris Cross“ и исто така ќе има премиера во Женева во март. На швајцарскиот саем ќе ја видиме и обновената верзија на „Avensis“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП