17 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЛимузина од источна Германија продадена за 95.000 евра

Лимузина од источна Германија продадена за 95.000 евра

axa

Лимузината „Citroen CX – Honecker“ која источно-германскиот комунистички режим ја купил за потребите на планираната посета на францускиот претседател во 1989 година, е продадена за 95.000 евра, што ги изненади стручњаците кои очекуваа најмногу половина од оваа сума. 

Автомобилот всушност никогаш не бил искористен, бидејќи планираната државничка посета на тогашниот француски претседател Франсоа Митеран на Источен Берлин по повод 40-годишнината од основањето на Демократска Република Германија (позната по кратенката DDR), била одложена поради почетокот на распаѓањето на комунистичкиот блок, пишува во четвртокот магазинот Autobild.

Во ноември 1989 година беше урнат Берлинскиот ѕид и за помалку од една година државата Источна Германија исчезна по што двете Германии поделени по Втората светска војна повторно се обединија.

Споменатата лимузина „Citroen CX – Honecker“ со сиви кадифени седишта стоела конзервирана 26 години за на традиционалната автомобилска аукција „Artcurial“ во Париз да биде продадена за многу повисока цена од очекуваната.

Источногерманскиот комунистички челник Ерих Хонекер го нарачал овој автомобил со месеци пред почетокот на уривањето на комунистичкиот режим.

Освен по должината од речиси пет метри, овој „Citroen CX“ е скромно возило мерено според стандардите за лимузина, бидејќи нема кожни седишта, ниту внатрешни делови изработени од висококвалитетно дрво. Но затоа е опремено со софистициран за тоа време клима уред, добро внатрешно осветлување и сино ротирачко светло на покривот.

polio

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП