20 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИХуманитарна работилница за деца со тешки болести

Хуманитарна работилница за деца со тешки болести

tin

Во сабота 21 февруари од 17 до 19 часот во игротеката Посејдон во ТЦ Капитол мол, ќе се одржи хуманитарна креативно-едукативна работилница под мотото Подаруваме,остваруваме – од мајка за дете, од дете за дете.

Работилницата е во организација на невладината фондација за деца со тешки болести Златна рипка, а е поддржана од издавачката куќа Просветно дело и игротеката Посејдон.

Целта на настанот е парите за влезниците во игротеката да се донираат за исполнување на желбите на тешко болните деца и да се мотивираат што повеќе граѓани и компании да донираат за ова најранлива категорија деца.

Моќта на исполнетата желба е посилна од се – е девизата на одговорните во фондацијата Златна рипка.

“Преку донирани финансиски средства од компании, граѓани иинституции, им ги остваруваме најголемите желби на децата кои боледуваат од тешки болести на возраст од 3 до 16 години.

Сметаме дека остварувањето на нивните најголеми желби е многу важен сегмент од нивното лекување, бидејќи нуди надеж и верба за подобро утре. Желбите немаат граници и ќе ги поттикнатдечињата да размислуваат дека ништо на светот не е невозможно. Токму таа надежи мисла за една остварена желба плус, е она што ќе ги насмее и што ќе овозможи полесно лекување. Нема да дозволиме дечињата кои се борат за својот живот да ги изгубат надежта и мечтите“, велат одфондацијата.

saf

Едно од дечињата, Марија која има 5 години и боледува од неуробластома, имажелба да ја види и гушне Мини Маус во Дизниленд.

“Срдечноста на македонските граѓание огромна, па затоа се надеваме дека за кратко време ќе успееме да ги остваримесите желби на дечињата кои боледуваат од тешки болести“, изјавија организаторите на оваа хуманитарнаработилница.

Сите оние кои сакаат да донираат за овие дечиња, нека јапосетат веб-страницата на фондацијата: www.zlatnaripka.mk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП