18 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 19.02.2015

Дневен хороскоп 19.02.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Младата Месечина влијае на вашата способност да донесувате идеи врз основа на вашата интуиција. Очекувте повик од некој Бик, Вага или Риби. Малку стравувате од мислењето на оние кои се постари и поискусни од вас. Ќе добиете прилика да се сретнете со некој кој ќе ви даде корисни идеи.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Станувате потолерантни бидејќи тоа всушност ви е и наједноставно. Пристапувате кон сите проблеми, особено за некои работи во врска со странство или со работата која мора да ја обавувате заедно со лицата кои не се од вашето место, многу ладнокрвно. Младата Месечина ви носи нови понуди.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Напорен ден, полн со неизвесност и очекување. Во најголем степен работите ќе зависат од вас и вашата вештина да чекате и да не избрзувате. Најмногу ќе ви наштетат нервните испади, затоа бидете претпазливи. Некого сте го излажале за нешто, а тој добро ве прочитал.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Не сте во состојба да ги формулирате вашите цели и желби јасно. Зборувате многу, но не кажувате ништо и тоа ги одбива вашите соговорници. Подобро намалете ги контактите и посветете се на поважни задачи. Некоја личност од минатото пријатно ќе ве изненади.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Мирен ден кој не одговара за активна работа. Подобро денес да си направите распоред и да се посветите на лични работи и да посветите внимание на вашето здравје. Вашиот партнер се чувствува запоставено од вашите работни задачи, денес завршете порано и посветете му се.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Покажете трпение кон луѓето кои ги сакате и благонаклонетост кон непознатите. Многу е веројано блиските луѓе неумешно да ви помогнат, односно да ви одмогнат,  додека непознатите можат да ве извадат од многу незгодна ситуација. Смирете ги бурните реакции во вашата околина.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Бидете подготвени на финансиски непријатности. Потпрете се на луѓето со кои сте секој ден. Можеби нема да можат да ви помогнат со средства но можат да ви дадат добри идеи како да ја надминете оваа криза. Некоја личност којауспешно работи во вашиот бизнис, ќе се отказе поради малата парична награда.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Нагли постапки, нагли реторики и воопшто сите непромислени реакции ќе ви создадат многу непријатности. Денес на прво место ставете го одлучувањето а дури потоа дејствувањето. Побарајте совет од најблиската личност, но не и ги откривајте сите детали.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Одите до крајности. Или сте премногу строги, или сте премногу компромисни. Не е добро, особено ако ова се случува со децата. Што се однесува до постарите роднини, трудете се да бидете праведни, тоа е најуспешната тактика во нивниот случај.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Премногу сте чувствителни, но тоа и толку не е потребно. Вашите блиски се немаат навикнато да ве гледаат вас во таа светлина, па поради тоа само ќе бидат зачудени. Тие вистински ќе бидат растревожени од вашето однесувањето. Размислете дали е тоа потребно.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Останете неутрални во сите конфликтни ситуации, најмногу во домот. Не се доживувајте како ментори на вашите блиски. Кога нешто ќе се згреши, ќе бидете вие криви бидејќи вие сте ја дале насоката за извршување на нешто. Кажете го своето мислење но не наредувајте.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Правете работи само ако сте апсолутно подготвени за нив на теоретски план. Не преземајте важни одлуки без најнови и точни информации. На работа слабо ви оди, обидете се да ја освежите вашата енергија и поефикасно да работите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП