3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКазна од 561 милиони евра за Микрософт

Казна од 561 милиони евра за Микрософт

mikrosoft

Европската комисија го казни Микрософт со 561 милиони евра, поради тоа што на своите корисници не им овозможил да си одберат интернет пребарувач на својот оперативен систем „Windows 7“.

Комисијата соопшти дека ова е првпат да казнува една компанија поради тоа што го прекршила претходниот договор со ЕУ од 2009-та година, со кој беше обврзана на европските потрошувачи да им обезбеди слободен избор на интернет пребарувачи во рамките на нивниот оперативен систем.

Меѓутоа, „техничката грешка“, како што Микрософт ја нарекува, во „Windows 7 Service Pack 1“ ја отстраниле оваа опција.

Европската комисија формално ја започна истрагата во јули 2012-та година, а минатиот октомври официјално беше одлучено дека компанијата ги прекршила правилата.

Казната е пресметана врз основа на сериозноста на кривичното дело, 15 милиони користници на овој оперативен систем во ЕУ не можеле да ја видат опцијата за одбирање на интернет пребарувач како што било договорено, но земена е во предвид и соработката на Микрософт во текот на истрагата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП