20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOrange предупреди дека нејзината продажба ќе продолжи да се намалува

Orange предупреди дека нејзината продажба ќе продолжи да се намалува

oragne papak

Британскиот мобилен оператор „Orange“ објави дека очекува неговиот профит и продажба да продолжат да паѓаат во оваа година, иако неговата продажба на исклучително конкурентниот внатрешен пазар се намали помалку од очекуваното во последниот квартал.

Од „Orange“ изјавија дека нивната продажба се намалила за 1,6% до 10,05 милијарди евра во четвртиот квартал, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите. Продажбата во мобилниот сегмент во Франција – најголемиот нејзин пазар – продолжува да се подобрува.

Профитот за четвртиот квартал пред каматите, даноците, девалвацијата и амортизацијата опаѓа до 2,81 милијарди евра. За споредба, во истиот квартал претходната година сумата достигна 2,87 милиони евра.

Слично на своите конкуренти, „Orange“ се вклучи во тешката ценовна војна, откако пред три години нискотарифниот оператор „Iliad“ влезе на пазарот на мобилни услуги со исклучително евтини предлози. Но, во последните неколку квартали, ситуацијата со цените почна да се стабилизира.

„Orange“ се приближува кон својата цел за стабилизирање на приходите меѓу 2015-та и 2016-та година, тврди главниот финансиски директор на компанијата, Рамон Фернандез.

За целата година „Orange“ предвид 51% пад на нето добивката до 925 милиони евра. Годишната добивка пред камата, даноци, девалвација и амортизацијата да падне на 12,19 милијарди евра, извршувајќи ја целта на групацијата, при пониски приходи во износ од 39,45 милијарди евра.

„Orange“ изјави дека нејзиниот профит останува стабилен – 30.9%, откако групацијата ги намали трошоците во текот на годината, за да го ограничи падот на приходите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП