17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕдноставно брутален! (фото)

Едноставно брутален! (фото)

manhart-mhx5-2(1)

Многумина не наоѓаат смисла во супермоќните „SUV“ автомобили. Но, факт е дека овие машини се фактор на пазарот, што ги тера тунинг компаниите да ги прават дури и брутални спортисти.

Токму како брутално може да се нарече проектот на „Manhart Performance“. Тој е базиран на новата генерација „BMW X5 M“ и го носи името „MHX5“.

Оригиналниот модел располага со пристојни индикатори за суперавтомобил – 575 Ks и 750 Nm. Но, тјунерската куќа сепак ги зголемија до преголеми 750 Ks и 1000 Nm.

Од „Manhart Performance“ не објавија какви се динамичните индикатори на нивниот „MHX5“, но е повеќе од веројатно тој да спринтира од место до 100 км/час за помалку од 4 секунди. Сепак оригиналниот „BMW X5 М“ ја достигнува таа брзина за 4.2 секунди.

manhart-mhx5-1

Тунинг компанијата се погрижи и да ги потенцира зголемените динамични можности на својот модел. Тој е опремен со сеопфатен, но сепак умерен бодикит, вклучувајќи различни браници, црна решетка на ладилникот, карбон странични ретровизори, различни амблеми, карбонски дифузор, издувен систем со две дупли цевки и уникатни црни бандажи со големина од 23 инчи.

Ентериерот исто така доби промени, но во моментот од „Manhart Performance“ не објавија ништо за внатрешноста на модел. „MHX5“ располага и со спортска суспензија, кое редуцира просвета, но не многу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП