26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА: Македонија назадуваше за три места

ФИФА: Македонија назадуваше за три места

mak-fud-

Иако од почетокот на годината не одигра ниту еден натпревар фудбалската репрезентација на Македонија на најновата листа на ФИФА, која светската куќа на фудбалот ја објави во четвртокот назадуваше за три позиции. 

Македонската репрезентација е позиционирана на 104-та позиција и од конкурентите со кои игра во квалификациите за пласман на Европското првенство е подобро рангирана само од Луксембург (129).

Пред Македонија се наоѓаат Белорусија (101), Украина (27), Словачка (22) и Шпанија (10).

Меѓу Топ 10 репрезентациите промени има на осмата, деветтата и десеттата позиција каде местата ги заменија Франција, Уругвај и Шпанија. Број 1 репрезентација е Германија, а зад неа се Аргентина, Колумбија, Белгија и Холандија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП