3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрвиот Holden слезе од производната лента на Opel

Првиот Holden слезе од производната лента на Opel

Holden-Insignia-production-0

Фабриката на „Opel“ во германскиот град во Ризелсхајм веќе произведува автомобили и за пазарите на Австралија и Нов Зеланд, соопштуваат од германската автомобилска компанија.

Моделите го носат амблемот на брендот „Holden“, која матичната компанија „General Motors“ го продава во Австралија и Нов Зеланд. Пред околу две години „Opel“ ги прекина активностите како независна марка на овие пазари.

Opel-Production-of-Holden-vehicles-begins-720x340

Првиот произведен автомобил „Holden“ е „Insignia VXR“. Тоа е малку изменета „Insignia OPC“, позната под името „Vauxhall VXR“ во Велика Британија. Во следните месеци фабриката ќе започне да ги произведува за пазарите на Австралија и Нов Зеланд и моделите „Holden Astra GTC“, „Holden Astra VXR“ и „Holden Cascada“.

Планот на „General Motors“ предвидува во блиска иднина една третина од производната линија на „Holden“ да се произведува од „Opel“ во Европа. Освен тоа германската марка ќе биде одговорна за изработката и на шемите за американскиот пазар. До крајот на деценијата од производната линија на оваа фабрика ќе излезе и верзијата на „Insignia“, но овој пат со логото на „Buick“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП