Американскиот производител на безалкохолни пијалоци „Pepsico“ во четвртиот квартал минатата година оствари профит од 1,31 милијарди долари.
Во соопштението на компанијата се наведува дека заработката по акција изнесувала 87 центи, додека вкупните приходи на компанијата во тој квартал достигнале сума од 19,95 милијарди долари, што е над очекувањата на аналитичарите и прогнозираните 19,78 милијарди долари, пренесува агенцијата АП.
„Работенењето на „Pepsico“ во САД се подобри, особено продажбата на енергетските пијалоци „Gatoreid“, изјави аналитичарот на америанската банка „Wells Fargo“, Бони Херког.