5 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 11.02.2015

Дневен хороскоп 11.02.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Само разумните одлуки носат поволни решенија. Дисциплинирано ги извршувате обврските. Не ви е тешко да работите, но тешко ја поднесувате деловната соработка. Додека ги работите рутинските работи, сонувате за патувања и заработка на пари. Дружете се со ведри личности, тоа ќе ве релаксира и ќе ви даде мотивација за поголеми цели и поголем профит.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Во конфликт сте со желбите и можностите. Треба да направите компромис и да се задоволите со она што го имате. Вашите фантазии за нешто повеќе ви го нарушуваат мирот. Посакувате да избегате од работата, но тоа сега не е правилно решение. Стрпете се, во наредната недела ќе дојдат подобри денови. Некога Вага ќе ви понуди помош, прифатете ја.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Креативноста ќе ви помогне полесно да се справите со работните задачи и обврски, ќе ви помогне да пронајдете активности кои ќе ве исполнуваат и ќе направи да сте поинтересна личност во очите на другите. Поставеноста на планетите денес ќе ви даде инспирација да бидете оригинални. Немојте да криете дека сте поразлични од другите.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Поради различните деловни интереси и правила кои ги наметнува една влијателна личност, морате да прифатите компромисно решение. Изгледате загрижено, бидејќи околината нема доволно слух за да го прифати вашето мислење. Но не се грижите во текот на оваа недела ќе се решат сите проблеми, а вие повторно ќе заблескате.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денес би можеле да се нервирате околу финансиските прашања. Веројатно само ги преувеличувате ситниците кои не ви се допаѓаат. Бидете малку поскромни во трошењето и малку реорганизирајте ги плаќањата на обврските и се ќе биде во ред. Важно е само да гледате објективно на секоја ситуација.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Верувате дека ќе успеете со одредена тактика да надмудрите некој кој долго не сте го слушнале или некој за кој никогаш не сте сигурни како ќе реагира на вашите деловни предлози. Можна е соработка со лица кои работат во медиумите и со кои имате добро искуство. Бидете подготвени да влезете во некоја нова работа во која ќе биде потребно да имате добро познавање на странските јазици.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Околу вас ќе забележите многу љубомора и компетитивност. Луѓето ќе се натпреваруваат за да докажат кој е подобар или кој е попопуларен. Не влегувајте во таа игра, бидејќи на крајот никој нема да излезе како победник, а таквата тивка борба ќе повлијае негативно на вашите односи со луѓето. Насочете се кон работата и исполнете си ги обврските, внимавајте некој Бик ќе посака да се расправа со вас, игнорирајте го.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Постојано се грижите за финансиите, ситуацијата е загрижувачка но опуштете се малку. За некои работи денес ќе биде потребно да инсистирате повеќе и да не се откажувате. Денес може да биде клучен ден за да решите важни прашања. Искористете го денот за да донесете некоја одлука поврзана со партнерот. Денес ќе бидете посебно емотивно расположени, па најдобро е заедно да го поминете времето.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Сe натпреварувате и ги докажувате сопствените вредности. Сакате да ја убедите околината на некои свои замисли. Не можете да избегнете нервоза и покрај тоа што сте урамнотежени. Доколку размислувате за патување ќе ви биде полесно. Нема да можете да се сопрете ниту за минута и постојано ќе ви надоаѓаат креативни идеи за нови теми на разговор.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Во конфликтна ситуација сте, пред сe, со самите себеси. Свесни сте дека што и да направите ќе се каете, пред да донесете одлука добро размислете. Било какво решение е подобро од неизвесност. Исконтролирајте ги нервните напади. Разговор со личност која многу ја цените ќе ви ја зголеми самодовербата и ќе ве потсети да си придадете поголемо значење себеси.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Не вртете се назад, имајте позитивни мисли ако сакате полесно да се справите со проблемите. Не преземајте конкретни чекори. Ако успеете да најправите добра стратегија ќе ги насочите активностите на адекватен начин. Добро ќе се чувствувате кога добрите резултати на крајот од денот ќе ви донесат голема насмевка на лицето.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Денот го поминувате размислувајќи како да стекнете признание од околината. Ви недостасува самоконтрола затоа дистанцирајте се од сe. Амбициозни сте, а сепак нереално ги проценувате сите ситуации и можности. Бидете внимателни, можете да бидете жртва на неуспех. Денес ќе запознаете интересна личност која ќе ви ја разбуди желбата за зборување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП