5 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 10.02.2015

Дневен хороскоп 10.02.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Проблемите полека завршуваат. Загубите мора цврсто да ги поднесете и да се насочите кон работи кои го бараат вашето внимание. Никој не се сомнева во успех кога сте вие во прашање. Во секој момент мора да бидете свесни за своите вредности.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Вашиот деловен интерес полека се насочува кон истражување. Она што сте го постигнале, тука е, но сега на дневен ред доаѓаат некои неиспитани или скриени работи. Некои ќе се обидат да ги остварат своите соништа на сосема необичен начин.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Вие се обидувате да се фокусирате на работата и здравјето бидејќи на тие полиња минатите денови беше лошо. Бидејќи во семејството доаѓа до значајни промени, не оптоварувајте се со она што не ви оди. Тргнете им во пресрет на убавите нешта, барем во мислите.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Нема да можете да се фокусирате на задачите и да ги завршите во планираните рокови. Мислите ќе ви летаат и никако нема да успеете да се сконцентрирате. За среќа, ова ќе биде само краткотрајно, па како што ќе поминува денот, така ќе станувате се попродуктивни и поефективни.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ви недостасува одмор и релаксација. Денес ќе бидете оценувани од луѓето околу вас. На работа дајте се од себе за да изгледате професионално и не оставајте простор за негативни коментари кон вас. Можно е да имате несогласувања со вашиот партнер во врска со некои ваши самостојни одлуки.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Пред вас е креативен и убав ден, така што немате причина да се жалите. Уживајте во сопствената среќа, но прво решете ги работите со себеси. Треба да знаете до која мера можете да се жртвувате за најблиските, бидејќи тие почнаа да ја злоупотребуваат вашата добрина.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Само доколку се залагате и активно преминувате преку проблемите, можете да уживате во плодовите. Во спротивно, грижите ќе влијаат врз вашиот и онака кревок нервен систем. Одете во природа, подалеку од блиските и работите ќе си дојдат на свое место.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Доколку се насочите кон работата и креативните моменти, ве очекува успех. Во спротивно, фрустрациите ќе ве совладаат. Потрудете се да избегнувате непријатни ситуации. Излез постои, но мора да преземете конкретни професионални потези.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ги држите сите конци во рацете. Одлучни сте и истрајни, па никој не се сомнева во вашиот успех. Околината се чуди како ви успева толку добро да функционирате. Се чувствувате потценето, а тоа е последица од недоволната самодоверба.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Вашата друштвена природа и желбата за комуникација моментално се во прв план. Одлично се чувствувате бидејќи сте задоволни во сите сегменти од животот. Партнерот се труди пријатно да ве изненади. Доколку не успее, потрудете се да одглумите задоволство.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Вработените во услужните дејности ќе имаат многу работа, а останатите ќе сакаат да им помагаат на другите. Некои ќе се покажат како добри советници, а своето знаење лесно ќе го применат во пракса. Малите недоразбирања во комуникацијата ќе бидат со краткотраен карактер.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Вашиот љубовен живот ќе стане потивок, подискретен. Ќе делувате на разни фронтови, но нема да постои ништо толку силно што потполно би ве преокупирало. Ќе функционирате добро со внимателно организирани паузи, а тие ви се потребни бидејќи сега имате помалку сила од вообичаено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП