23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДва мистериозни концепти Suzuki ќе претстави во Женева

Два мистериозни концепти Suzuki ќе претстави во Женева

suz nas

Два концептуални автомобили ќе бидат прикажани во почетокот на март од страна на јапонската марка „Suzuki“. Тие ќе дебитираат на автосалонот во Женева и треба да се претворат во предводници на новата гама возила на брендот за пазарите на Стариот континент.

suz 1

Првиот концепт го носи името „iK-2“ и претставува „идеален компактен автомобил, комбинирајќи хармонија и сила“, се наведува во информацијата од „Suzuki“. Судејќи според фотографијата, можеме да претпоставиме дека станува збор за хечбек од сегмент „С“.

suz 2

Вториот модел е наречен „iM-4“ и претставува компактен кросовер. Одлуката за формирање на ваков автомобил е повеќе од логична, бидејќи ова се возилата со најголем раст во продажбата во последните години на континентот. Од „Suzuki“ дополнуваат дека овој модел има „уникатна 4х4 ДНК, препознатлив стил и инспиративно однесување на патот“.

Сите детали за двете нови машини на „Suzuki“ ќе бидат познати на 3-ти март во Женева.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП