19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕуроимпекс ја одбележа 25-годишнината од основањето

Еуроимпекс ја одбележа 25-годишнината од основањето

euroimpeks

Со проекција на корпоративен филм, доделување плакети и признанија на физичките и правните лица за лојалност и долгогодишна соработка и пригодна свеченост компанијата „Еуроимпекс“ ја одбележа 25­годишнината од основањето.

„„Еуроимпекс“ како компанија ја развивавме темелно и во континуитет. За да бидете успешни во тоа што го работите, треба да живеете, растете, да се развивате, размислувате и се борите за истите цели како и брендовите кои ги претставувате. Со „Еуроимпекс“ застапуваме повеќе брендови на македонскиот пазар, но факт е дека во јавноста сме најпрепознатливи по брендот Пежо“, изјави Даниел Воиновски.

Кирил Воиновски посочи дека 25­годишниот развој на компанијата е процес кој во себе интегрира големи вложувања, фокусираност кон целите, адаптибилност кон пазарните услови и мноштво на големи одлуки, но најважно признание, нагласи, се задоволните клиенти.

Регионалниот менаџер на „Пежо Автомобили“ за југоисточна Европа, Николас Оланд истакна дека и нивното партнерство со „Еуроимпекс“ трае приближно 25 години.

„Поминаа 25 години во развој на Пежо брендот во Македонија, а сега продолжуваме и во соработка, во голем дел на балканските земји, како наш регионален импортер. Ако ова партнерство функционира толку добро и трае 25 години, тоа е затоа што нашите две компании делат еднакви вредности ­ доверба и побарување. Токму 2015 е година на овој голем јубилеј, но и година на комерцијална офанзива за нашите две компании“, изјави Оланд.

„Еуроимпекс“ е основана во јануари 1990 година и е првата приватна компанија во Македонија, чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП