5 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 05.02.2015

Дневен хороскоп 05.02.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денес се можни депресивни моменти кои можат да ве одалечат од пријателите. Најдоброто нешто што можете да го направите е да ги прифатите вашите пријатели какви што навистина се и внимателно да ги слушате нивните приказни. Не се обвинувајте себеси ако не сте успеале да влијаете врз нечиј живот со своите совети.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Во вас ќе постои енергија која ќе ве води во сите дневни случувања. Искористете ја денешна моќ да завршите некои нешта однапред. Ве очекува некоја новост која многу позитивно ќе влијае на вас. Ќе сакате се да земете во ваши раце, но не правете го тоа, оставете нешто и другите да сработат.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денот е одличен за вас. Ќе запознаете нови луѓе, ќе направите корисно познанство и ќе извлечете корисни лекции од искуствата на другите. Некој разговор со некое лице ќе ве поттикне дополнително да вложите напори во вашите цели. Во вечерните часови можно е пријателите да ве изненадат.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

За вас ќе постои поволен развој на настаните, а вие тоа одлично ќе го искористите. Финансиите во блиска иднина ќе бидат значително подобрени, така што ќе имате можност да ги исплатите сите заостанати долгови. Уживајте во љубовта која ви ја дава партнерот.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Кај вас ќе биде поттикната желбата за напредување, но доколку спаѓате во групата на оние кои не можат да поднесат критика, јасно и гласно ќе кажете се што мислите. Денот е доста поволен за вас, затоа искористете го и искажете ја вашата креативност.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе ве нервираат постапките на околината, но мора да се прилагодите. Ништо нема да можете сами да направите, ниту пак со сила. Затоа  бидете отворени и за поинакви мислења и методи. Ако се чувствувате уморно, подобро организирајте се и штедете ги силите.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Одлично ќе го поминете целиот ден, ќе си ги исполните обврските и во попладневните часови опуштено ќе уживате во друштво на семејството и пријателите. Ќе бидете во центарот на вниманието и ќе успеете да ги насмеете дури и оние кои се тажни. Вашата позитивна енергија ќе ја почувствува секој.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Можеби подолго време ќе чекате да добиете одлична деловна понуда, но секако дека ќе ја добиете. Сепак внимателно размислете за понудата, одлучете дали сакате со тоа да се занимавате во иднина и дали имате можност за напредување. Некој Стрелец или Јарец ќе ви помогне да донесете одлука.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе бидете задоволни со развојот на деловната ситуација. Добрите резултати од разговорите со претпоставените ќе ви дадат нов полет. Совладајте ја нетрпеливоста и сметајте на мало позабавување. Внимавајте на односите со партнерот и членовите од семејството.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Располагате со енергија и елан, па ќе бидете успешни во тоа што го работите. Финансиската ситуација нема многу да ве радува. Бидете потолерантни со саканата личност. Ве советуваме добро да размислите пред да излезете и да се запознаете со една личност.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе соработувате со новите колеги, менувајќи го местото и начинот на работата. Финасиската состојба се подобрува. Љубовниот живот без значителни промени. Ќе добиете некој повик од странство кој ќе биде исклучително важен за вашата иднина.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Вашата обновена енергија ќе биде насочена кон љубовта, а ќе имате и прилика да го освежите односот со партнерот или ако сте слободни да си најдете љубовно задоволство. Можеби ќе имате мали проблеми со здравјето, некоја ваша честа болка, но тоа нема да ви биде пречка во извршувањето на секојдневните обврски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП