17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOpel Corsa OPC официјална премиера ќе има во Женева (фото)

Opel Corsa OPC официјална премиера ќе има во Женева (фото)

Opel-Corsa-OPC-292969-1

Германската компанија „Opel“ ја откри новата генерација на компактниот спортски хечбек „Corsa OPC“. Премиерата на моделот ќе се одржи на претстојниот автосаем во Женева.

Моделот е управуван од новиот 1.6-литарски бензински турбо-мотор со 4 цилиндри, кој развива моќност од 207 Ks. Максималниот вртежен момент од 245 Nm е достапен во работен опсег од 1.900 до 5.800 вртежи во минута, a дополнителни 35 Nm се достапни при потреба благодарение на функцијата „overboost“.

Opel-Corsa-OPC-292970-2

Моторот работи во комбинација со 6-брзински мануелен менувач, дозволувајќи му на возилото да забрзува од 0 до 100 км/ч за 6.9 секунди. Максималната брзина е 230 км/час, а просечната потрошувачка на гориво изнесува 7.5 литри на 100 километри.

Спортската суспензија на новиот „OPC“ модел е развиена од „Koni“, па е за 10 мм пониска од останатите верзии на „Corsa“. Како опција за моделот ќе нуди диференцијал со зголемено триење и оптички спортски пакет „Performance“. Во сериската опрема е вклучен системот „ESP“ со неколку режими, вклучувајќи таков кој ја исклучува целосно.

Opel-Corsa-OPC-interior-2-lg

Што се однесува до дизајнот, тој има големи отвори за воздух во предниот браник, вентилациски капак, заден спојлер, карактеристични странични прагови и заден дифузор со две хромирани цевки на издувниот систем. Ентериерот нуди спортски седишта, волан и педали, како и уникатна опрема.

Сите детали за моделот ќе бидат познати во почетокот на март, кога треба да стартува и продажбата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП