5 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 04.02.2015

Дневен хороскоп 04.02.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Воопшто не мислите на тоа дека ќе ја искористите целата енергија и ќе западнете во други проблеми. Тоа е нормално и на секого може да му се случи. Добрите и лошите работи во животот се менуваат, па затоа подгответе се за секакви моменти. Добро би било да можете да комуницирате полежерно и да не одлучувате за важни работи. Ви треба краток одмор.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Комуникативноста денеска е на прв план па ќе настојувате да ја спроведете на дело. Посетете ги вашите стари пријатели, а можете малку и да озборувате, но внимавајте да не му наштетите на некого. Тоа одлично ќе ве опушти. Нема причина да се чуствувате осамено и несватено.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе ви излезат некои непланирани работи на професионален план. Тоа од вас ќе бара многу енергија и трпение. Но не очајувајте, ве очекава награда од претпоставените. Можни се некои помали финансиски трошоци. Што се однесува до љубовта се е во најдобар ред.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денот ќе ви донесе доста возбудувања и настани со кои ќе ја зголемите напнатоста. Повеќе ќе се движите отколку што ќе ги решавате проблемите, но сепак од тоа ќе извлечете некаква корист. Ќе мора контактите со луѓето да ги подобрите, а со тоа и ситуацијата на работното место.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денеска какви и да се вашите цели и намери ќе приметите дека сите околности ви одат од рака. Бидете што поамбициозни и обидете се да промените нешто во вашата работа и кариера. Потрудете се денеска ако сакате да оставите подобар впечаток кај некој кој ви е многу важен.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Обидете се да ја добиете довербата на еден Лав кој знае како да ви ласка но не ги отвора картите пред вас. Можно е и двајцата да се наоѓате на некој нов терен кој е непознат за вас. Сакате ризични работи и ситуации во кои вашето знаење доаѓа до израз. Некој пријател ќе ви приреди одлично изненадување.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Полека, но сигурно доаѓаат крупни деловни промени, така што немате причина за грижа. Иако имате премногу работа, се обидувате да најдете задоволство. Доколку добиете привлечна понуда за промена на работното место, не се залетувајте и не ги идеализирајте потенцијалните соработници. Вашиот партнер ќе ви се заблагодари за сите нешта кои сте ги направиле за него.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Нервозите можат само да ви наштетат. Успешни сте во секој поглед. Искористете го вистинскиот момент и со одлучна акција решете го проблемот. Доколку некој се обиде да извлече корист од вас, ставете му до знаење дека е потребно да ви даде нешто за возврат.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Пред себе имате силна цел, а тоа е усовршување на знаењето. Зајакнете го организмот бидејќи имунитетот ви е намален. Желбата за успех е силна затоа и сета енергија ви е насочена кон тоа. Ја проучувате секоја ситуација. Чувствувате блага нервоза, но тоа е нормална состојба за вас.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Месечината добро влијае на вас. Овој ден е поволен за нови познанства, а луѓето и колегите околу вас ќе имаат посебна почит за она што ќе го правите. Продолжете да воспоставувате контакти и да ги одржувате, бидејќи тоа е вашата предност. Ќе добивате поддршка и од партнерот.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Доколку сакате на мир да уживате во следните случувања, пожелно е нервозата да ја ставите под контрола. Поминувате низ криза. Повеќе околности влијаат на расположението. Храбро го проверувате трпението, се обидувате да го одржите дадениот збор. Внимавајте на финансиите, трошите пари на непотребни работи.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Наскоро следува сериозно преиспитување поврзано со вашите постигнати резултати. Мора да бидете јаки за да се соочите со тоа. Својата доминација ќе и ја наметнувате на околината. Од случувањата извлечете максимум, но не задоволувајте се само со тоа. Послушајте го советот на некој Бик, и не ја изневерувајте довербата на некој Рак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП