19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗGolf R Variant излезе на пазарот (фото)

Golf R Variant излезе на пазарот (фото)

variant r 1

Најмоќната караванска верзија на седмата генерација „Volkswagen Golf“ е веќе достапна за нарачки. Цената на моделот во Германија започнува од 42.925 евра, соопштуваат од германската компанија.

variant r 2

Volkswagen Golf R Variant“, чија светска премиера се одржа на автосалонот во Лос Анџелес, може да биде на улица истовремено спортски и практичен. Моделот нуди цели 605 литри багажен волумен, а во исто време спринтира од место до 100 км/час за само 5,1 секунди.

variant r 3

Под хаубата на „Golf R“ е поставен истиот мотор, кој се наоѓа и во хечбекот со истото име. Тоа е 2.0-литарски мотор со четири цилиндри и моќност од 300 КС. Вртежниот момент е 380 Nm, а се пренесува на сите четири тркала преку системот „4MOTION“.

variant r 4

Агрегатот се комбинира со автоматска трансмисија со 6 степени и две спојки, а просечната потрошувачка на овој модел изнесува 7.0 литри бензин на 100 километри.

„Volkswagen Golf R Variant“ располага исто така со познатите технологии од „Golf R“, меѓу кои се спортскиот режим на „ESC“ систем и контролерот за различните режими на автомобилот – „Eco“, „Normal“, „Individual“ и „Race“. Моделот доби и аналоген бодикит, а ентериерот нуди тапацирани кожни седишта, контрастни шевови, спортски волан и педали и друго.

variant r 5

Првите клиенти на новиот „Golf R Variant“ ќе ги добијат своите автомобили во пролетта од оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП