5 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 03.02.2015

Дневен хороскоп 03.02.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Не знаете како да го истакнете вашиот успех па постојано барате совети. Некои совети се добронамерни но некои не, внимавајте кој и што ви кажува. Семејството како и секогаш ќе биде вашиот најголем поттикнувач да ги пребродите кризите кои доаѓаат. Песимизмот не е вашиот сојузник, исфрлете го.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Имате планови, постојано планирате но реализацијата на истите никако да дојде на ред. Престанете да мечтаете за милионски суми и внимателно инвестирајте ги парите. Потребно е да ги намалите и трошоците бидејќи финансиското поле во овој период навлегува во неповолна средина. Некој близок ќе побара заем од вас, размислете добро пред да му дадете пари.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Имате стратегија со која успешно ги завршувате работните обврски. Вашите колеги и соработници овој ден ќе бидат презадоволни од вашата помош. Имате среќа и на полето на љубовта, вашиот партнер ќе ве изненади со нешто прекрасно. Уживајте во заедничките моменти.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денешниот ден може да биде одличен за пресврт во љубовниот живот. Многу лица ќе бидат збунети од вашите постапки, па ќе треба да го објаснувате секој ваш потег и кажан збор. Лесно ќе ви биде да процените дали некој ги споделува своите вистински чувства со вас. Никој нема да може да ви се сокрие зад маска.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Сакате да се опуштите и да го ослободите мозокот од постојаните планирања на иднината која всушност не зависи само од вас. Треба да го прашате и партнерот кои се неговите планови, но вие мудро си молчите. Постои можност да се расправате со вашето пошироко семејство. Избегнете ја кавгата доколку можете, бидејќи многу лица ќе го сменат нивното размислување за вас.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Прилично сте конфузни и подготвени да прифатите недоволно платена работа за да докажете нешто. Ако сте добиле понуда во врска со работа во медиуми, таа би можела да значи голем пресврт во вашата кариера. Можна е добра соработка со Водолија, Вага или Бик. Оние кои ве критикуваат, најчесто некој Овен, ќе почнат да ве подржуваат.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Некои средства, пари или имот ќе пристигнат до вас. Можеби ќе се чудите како среќата ве посакала токму вас, но тоа е сосема нормално, бидејќи овој период е доста поволен од финансиски аспект. Ќе добиете некои пари, кои веќе сте ги заслужиле со напорната работа. Забавувајте се, излезете со пријателите и поминете си убаво.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Сакате да отпатувате некаде далеку каде вашите проблеми не постојат, но тоа во моментов не е можно. Не бегајте од проблемите, започнете еден по еден да ги решавате. Сакате забава, ја игнорирате работата, а сето тоа ќе резултира со помали приходи. Планирате некакво изненадување за најблиската личност, а тоа ќе биде повеќе од успешно.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Непотребно се чувствувате запоставени од страна на колегите. Ќе учествувате во неколку кавги кои максимално ќе ви го расипат расположението. Во попладневните часови можете да очекувате повеќе повици од различни лица. Ќе имате и повик од некој додворувач кој ќе ви предложи нешто поконкретно. Финансиите ви се нестабилни.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Верувате дека со својата убедителност ќе постигнете некоја цел. Некој сака да се обиде да ви понуди поддршка но се двоуми кога станува збор за финансискиот дел од ваша страна. Добро се согласувате со лицата кои имаат добро разработен план и оние кои се подготвени да соработуваат. Трудете се за нови шанси за сорботка со некоја Водолија или Рак.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Внимавајте да не им ги соопштите тајните на некоја Шкорпија или Лав. Би требало да се сретнете со Некоја Вага и да ги рамените вашите бизнис идеи. Оптеретени сте со евентуалните проблеми кои би можеле да се појават во соработката со колегите, можеби и со претпоставените. Сметате дека се многу неблагодарни за се што сте направиле за нив

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Денес комплетно ќе им се посветите на размислувањата да ја продолжите соработката со некој Рак, Лав, Вага или Стрелец. Мислите дека најмногу може да ви помгоне некој Лав. Може да бидете прилично нервозни и нетрпеливи, а сето тоа би можело да ви донесе проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП