6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen планира кросовер базиран на Polo?

Volkswagen планира кросовер базиран на Polo?

t rok

„Volkswagen“ e еден од ретките големи производители на автомобили кој се уште нема кросовер кој припаѓа во т.н. „B“ сегмент, но според пишувањето на „Auto Express“, германската компанија планира еден таков модел.

Продажбата на мали кросовери расте од година во година, а се повеќе производители во својата понуда имаат модел во оваа класа.

Меѓутоа на најголемиот европски производител на автомобили му недостига возило со кое на пазарот ќе им конкурира на моделите како што се „Renault Captur“ или „Opel Mokka“.

t rok1

Британскиот магазин смета дека раководството на „Volkswagen“ не седи со скрстени раце и дека планираат кросовер кој би ја користел „MQB“ платформата.

Нивното тврдење се темели на изјавата која ја даде еден член на управниот одбор на компанијата, Хајнц-Јакоб Нојзер. Тој во разговор за „Auto Express“ рекол дека кросовер од „B“ сегментот, „одлично би се вклопил во постоечката гама на „Volkswagen““.

Новиот модел би бил поголем од најавениот кросовер „Taigun“ (заснован на „Volkswagen Up!“), a помал од „Tiguan“. Возилото би требало да биде засновано на следната генерација на моделот „Polo“.

t rok2

Стилските детали би можеле да бидат превземени од концептот „T-ROC“ кој беше претставен на авто-саемот во Женева во 2014-та година.

За разлика од концептот, продукциската верзија би имала 5 врати и поблаг дизајн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП