5 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 02.02.2015

Дневен хороскоп 02.02.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе имате многу планови, а малку остварувања, но за тоа не сте виновни вие, некој ви работи зад грб. Приликите за развој на кариерата наскоро ќе бидат поврзани со борба и стрес. На вас останува да ги процените својата сила и силата на противникот, па да постапите реално и паметно. Важно е да ги штедите силите.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денот е поволен поради транзитот на Сонцето кое вас ве поттикнува да барате некои нови решенија за своите проблеми, особено ако на работа ви е потребна инспирација. Поголеми оптимисти сте во однос на претходните денови иако имате многу незавршени обврски. Имате впечаток дека некој е подготвен да го прекрши договорот со вас и да ве изневери, но грешите.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Можност за средба со личност која доаѓа од далеку. Контактите со странство се успешни и постои можност вашиот партнер или член од семејството конечно да донесе решение за заминување во странство. Во работата внесете што повеќе спортски дух и расположение. Наполнете се со позитивна енергија, доаѓаат среќни моменти.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Во очекување сте на вест од некој кој неодамна сте го сретнале и сте разговарале за некоја важна работа. Некој Јарец или Шкорпија ќе се заинтересираат за вашите идеи. Во моментов малку работи се случуваат во ваша корист, не се грижете, се ќе помине во најдобар ред. Ќе добиете прилика да се сретнете со некој друг Рак.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Имате јасно разработен план како да го убедите Јарецот да ви овозможи шанса во врска со новиот проект. Ако се обидувате да продолжите да соработувате со некоја Вага ќе ви биде потребно трпение, особено ако се работи за некоја блиска личност. Најдете нешто во кое ќе ја вложите вашата енергија и ќе се ослободите од нервозите.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Некоја блиска личност ќе ви се налути бидејќи во последниот период буквално не сте се ни сетиле на неа. Одделете време за неа, таа го заслужува вашето внимание. Не ги потценувајте лицата кои не се согласуваат со вашите ставови. Секој има свои замисли, фантазии и сфаќања и секој се бори за сопствената среќа.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Бидете потпора и подршка за пријателот кој денес ќе тропне на вашата врата со милион проблеми. Помогнете му да пронајде решение и ангажирајте се финансиски да му помогнете. Овој ден е поволен за да направите неколку добри нешта со цел да им помогнете на другите лица. На работа буквално блескате, пофалбите пристигнуваат од сите страни.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ако сте успеале да ги придобиете Јарецот и Бикот ќе можете да започнете со некоја многу интересна заедничка работа. За вас тоа ќе значи проширување на кругот на пријатели и колеги. Ако барате повеќе финансиски средства, ќе ви помогнат идеите на некој Стрелец или Водолија на кои уште одамна сте оставиле добар впечаток.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе се двоумите за деловните потези, но некој Бик ќе ви покаже дека се исплти да бидете храбри. Среќата ќе ве прати постојано, па не се плашете да се вмешате во ризични проекти. Што и да допрете, ќе се претвора во злато. Запомнете, колку поголем е ризикот кој го преземате, толку поголема ќе биде заработката.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Транзитот на Месечината им одговара на оние кои работат со странци или во некоја голема приватна компанија. Ќе пронајдете нов извор на приходи кој ќе ви помогне да ја поправите вашата финансиска состојба, можно е да станува збор за маркетинг компанија или некој приватен бизнис. Очекувајте да добиете поволна понуда од некој Лав.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Како денот поминува така вие се повеќе ќе бидете заинтересирани да го обновите односот со еден Рак и една Шкорпија. Верувaте дека имате моќ да влијаете на мислењето на околината и да наведете некои драги лица да постапуваат на ваш начин. Не навлегувајте во политички расправии, ова не е поволен ден за тоа.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Завртени сте кон пријателите и оние кои ви нудат некаков вид на помош за вашите проблеми. Разговорите во четири очи можат да бидат многу успешни. Иако имате намера некого да го убедите да го прифати вашиот стил на работа, сеуште не сте одлучиле како да го направите тоа. Сепак, овој ден ви нуди можност да најдете некое компромисно решение или да добиете добар совет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП