18 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 31.01.2015

Дневен хороскоп 31.01.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе размислувате и ќе разговарате за вашата иднина, но заклучокот нема да зависи од вас. Привлечноста на новите предизивици кои носат патување и пошироки промени ви одговара, додека пак во финансиската неизвесност сепак се смирува топката и ве враќа во пореалните кругови.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Некои нови прилики во семејниот живот како и можноста за купување на недвижнини, градење, премногу ќе делуваат врз вас. Ќе промените нешто во вашиот секојдневен живот, па сето тоа заедно ќе ви создава стресна ситуација. Во љубовта можеби малку ќе се одалечите од партнерот.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Големите планови и идеи за кои веќе долго и срамежливо размислувате, полека се менуваат во нешто изводливо и достижно. Сепак сеуште не е дојден часот за да тргнете во реализација и да превземете конкретни чекори. Во меѓувреме позанимавајте се со она што ви го наметнуваат условите.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Од пријателите денес можете да очекувате сосема конкретна помош, што ќе ви олесни околу донесувањето на некои одлуки како и решавање на некои проблеми. Ако имате план да и се доближите на некоја личност од спротивниот пол најпрво дознајте дали личноста е слободна, дури потоа прејдете во офанзива.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Објективните околности нема да ви дозволат работата да ја доведете до крај. Без грижи тоа ќе трае многу кратко така што ќе имате време се да поправите. Постои можност да заминете на некој службен пат. На љубовен план ве очекува средба со некоја за вас сродна душа.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Нагласен е вашиот интелект и ќе се покажете како одличен набљудувач, уверлив говорник во важните преговори. Вашите планови се менуваат, но добро е да разговарате за сите можности, па да ги искористите моќните познанства за сопствено издигнување.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе ве привлекуваат работи кои не се рутински и во кои можете да ја покажете својата креативност. Со оглед на тоа дека ќе бидете многу позадоволни отколку до сега ќе бидете и многу работливи и вредни. Емоционално ви се закануваат краткотрјани напнатоси.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Не преземајте никаква работа за која не сте сигурни дека можете да ја завршите до крај. Семејните расправии и тврдоглавоста во љубовните односи ќе ви создава немир и потреба нешто да промените во блиските односи. Намалете ја нервозата со помош на физичка активност.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Чувствувате голем притисок од околината и не ќе можете да се контролирате дури ќе помислите и дека имате скриени непријатели. Во љубовта шансите на слободните се на минимум. Сепак ги очекува тајна авантура.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Искористете ги поволните прилики или нечија наклонетост како би си ја поправиле вашата финансиската состојба. Одлучете се за кредит, позајмица, распрашајте се за предностите на осигурување или стипендија. Во љубовта ве очекува пријатно изненадување.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ви престои решавање на проблемот кој подолго време ве мачел и ве блокирал. Во секој случај ќе имате среќа и успех, па и во финансиите. Некои од вас ќе имаат успех и во новата деловна соработка. Најубаво ќе се чуствувате во вашиот дом.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Зголемениот број на обврски ќе ви го расипе денешното расположение. Ќе бидете склони кон нервоза, раздразливост, а добро би било повеќе да го користите мозокот и подобро да се организирате во работата. Во состојба сте да се исцрпувате на работното место и да работите за двајца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП