3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗEУ ја забрани продажбата на Lada

EУ ја забрани продажбата на Lada

granta 35

Новите модели на „Lada“ нема да можат да се продаваат во земјите од ЕУ поради недоследности во техничките барања од регулативата која стапи во сила минатата година. Ова го соопштија во руските медиуми, кои се повикуваат на официјалниот дистрибутер на „АвтоВАЗ“ во Германија – компанијата „Lada Automobile GmbH“.

„Имаме проблеми со регистрацијата на нови автомобили. За да може тие да бидат отстранети, треба да имаат сензори за притисок во гумите како дел од сериската опрема. Но такви моделите на „Lada“ немаат, но од производителот ни соопштија дека работат на проблемот и дека наскоро ќе го решат“, призна претставник на „Lada Automobile GmbH“.

Новиот услов е влезен во сила на 1-ви ноември 2014-та година, но соодветниот документ – декрет „R64“ на Европската економска комисија на ОН, бил примен уште во 2010-та година, а за проектот на ЕУ беше познато уште порано.

Освен тоа, во „АвтоВАЗ“ ќе треба да решат и уште еден проблем за да може нивните автомобили да одговараат на европското законодавство. Тоа е со климатските системи од руско производство, кои исто така не се усогласени со техничките норми на ЕУ.

Во моментов, компанијата „Lada Automobile GmbH“ во Германија го продава теренецот „Taiga 4×4“ (познат и како „Niva“) по цена од 11.490 евра, седанот „Granta“ (од 8.300 евра), како и хечбекот „Kalina“ (од 8.900 евра). За минатата година на овој пазар се продадени вкупно 5.561 автомобили „Lada“, а лидер е „Taiga 4×4“.

Во ноември „АвтоВАЗ“ најави дека планира да продолжи со извозот на автомобили во Шведска. Русите планираат во оваа нордиска земја да ги продаваат моделите „Granta“, „Kalina“ и „Largus“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП