18 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 26.01.2015

Дневен хороскоп 26.01.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денот ви носи задоволство и изненадување. Ви препорачуваме да ја искористите секоја прилика и да го работите тоа што ви е пријатно. Ве очекуваат повеќе настани и повеќето од нив ќе бидат пријатни. Со оглед на тоа што ќе бидете комуникативни ќе го проширите кругот на пријатели. Значајно подобрување ве очекува и во секојдневниот живот.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ви треба друштво кое ќе ви помогне да се опуштите и да се расположите. Многу ќе разговарате на телефон, а оние кои обожаваат да пишуваат, денеска на тоа ќе посветат голем дел од денот. Работете го она што најмогу ве привлекува, но не заборавајте и на работните обврски. Неизмерна среќа ве очекува во втората половина од денот.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Иако обично е подобро да ги чувате сопствените планови за себе, денеска ако ги обелодените нема да згрешите. Завидливите личности не ќе можат да ви наштетат, а луѓето кои се на некоја висока положба ќе ви бидат од голема корист. Во друштво на вашите пријатели многу убаво ќе се чуствувате, а за тоа ќе придонесе и пријатниот амбиент во кој ќе бидете.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе морате да бидите присутни во моментот на настаните ако сакате да бидете информирани за се. Ако сакате финансиски напредок ќе морате да работите посериозно, бидејќи зголемените трошоци ви задаваат грижи. Превземете се што е во ваша можност ако сакате да ја зацврстите вашата позиција.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе се спојат напредувањата со разочарувањата, така што и овој пат вашите прекрасни планови ќе ги расипе не така совршената сегашност. Сериозните врски ги зафатила монотонија што ќе ви пречи вас и на вашиот партнер. Преземете нешто што ќе ве спаси од досадното секојдневие.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Изразени ви се можностите за заработка. Прифатете ги понудите од деловните партнери и направете план за нивна реализација. Ќе бидете свесни за препреките на кои наидувате во врска со односот со вашиот партнер но сеедно вие ќе си продолжите по ваше.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

На работното место без некои позначајни промени, секојдневните обврски ќе ги извршувате вообичаено. Вашата финансиска ситуација ви задава проблеми, но на тој план можете да очекувате подобрување. Накратко, вашата ситуација е подобра од тоа што ви изгледа на вас. Потребен ви е одмор, затоа паузирајте со деловните обврски.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Без некои поголеми промени во однос на изминатиот ден. Ве советуваме да не сметате на пријателства и да не верувате премногу секому, бидејќи можат да ве предадат и оние во чија лојалност сте биле сигурни. Најдобро би било да одложите некои важни работи.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

На работното место ви следи нов проект, но поради големиот број на работни задачи ќе бидете во дилема дали да го прифатите. Наш совет е да прифатите без размислување затоа што тоа ќе ви помогне да го наполните својот паричник. Партнерот ќе се потруди да ве изненади за да ви го подобри расположението

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Извршете ги важните работи, разговори и состаноци. Ќе бидете многу уверливи и успешно ќе се залагате за сопствените идеи. Храбро ќе влегувате во полемики, дури и кавги од кои ќе излегувате како победник. Ситуацијата во љубовта е нестабилна. Работете повеќе со мозокот а помалку со срцето.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Иако наизглед сте полни со сила, вашата кондиција е на доста ниско ниво, така што дополнителна рекреација нема да ви штети. И покрај тоа што сте доста ангажирани на работното место, денес повеќе ќе сакате да се посветите на себе и на средување на вашите мисли. Ќе ви се овозможи прилика за кратка осаменост, но не претерувајте во тоа.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе бидете раздразливи и склони кон кавги со околината. Не ви препорачуваме да донесувате некои важни одлуки денеска, како ни да започнувате поголеми работи. Пред се настојувајте да постигнете психичка рамнотежа. Немојте да мислите дека треба да бидете информирани за се и дека треба да бидете на пет места истовремено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП