17 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 23.01.2015

Дневен хороскоп 23.01.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе имате многу енергија, па одлично ќе ви напредуваат работите поврзани со учење нови нешта. Ќе успеете да ја отворите вратата која подолго време ви била затворена. Ве очекува голем успех. Финансиската состојба не ви е стабилна.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Работите ви се одвиваат онака како што посакувате. Во овој момент не треба да очекувате стресови. Ќе имате и доста енергија, но морате да внимавате да не претерате, бидејќи ќе бидете помалку немирни и склони постојано некаде да брзате.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денешниот ден ви носи многу изненадувања и возбудувања. Ќе имате многу поволни можности, а од вас зависи колку ќе знаете да ги искористите. Енергијата ви е на одлично ниво и во голем дел ќе ја искористите за движење и дружење. Љубовниот живот ви е добро аспектиран.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Неповолниот аспект од Јупитер ви носи напнатости во финансиите, но ќе успеете да се извлечете од кризата. На работното место односите со соработниците и претпоставените ви се доста нестабилни особено кога се во прашање некои деловни договори и решавање на проблеми.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Сеуште се можни непријатни изненадувања кои исто така ќе ви пречат во плановите. Се што е поврзано со тајни лошо ви е аспектирано па настојувајте во секоја ситуација да бидете отворени и јасни. Ќе морате да бидете потактични и во сентименталните односи.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Избегнувајте дружење и работи кои ви создаваат нервози. Ви се закануваат и опасности од судири во приватниот и деловниот живот. Зголемена ви е и можноста од трајни непријателства. Настојувате да живеете што помирно. Сентименталните односи ќе ви бидат напнати.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ви одговара транзитот на Сонцето и Венера преку вашиот знак и Месечината и Нептун преку Рибите. Тоа може да делува поттикнувачки на оние кои сакаат да се занимаваат со некоја нова работа или можеби планираат кариера поврзана со уметноста. Ќе добиете повик од некое лице кое ви е исклучително драго, а не сте го виделе одамна.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе имате доста енергија, па ќе бидете многу активни, но ќе треба да внимавате вашите активности правилно да ги насочите. Ќе бидете превртливи и непромислени. Финансиската состојба не е најдобра но е солидна. На интимен план ќе имате убав ден.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе бидете немирни ќе се чувствувате несигурно, а постои опасност да изгубите некои вредности во кои до сега сте уживале. Ви се закануваат судири кои нама да бидат безизлезни. Финансиската ситуација додатно ќе ја влошува вашата состојба.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Правите планови во врска со кариерата и јасно ви е дека соништата не се остваруваат толку лесно. Многумина сметаат на вашата помош, но вие не сте во толкава мера подготвени да издржите. Користете ги своите врски и познанства за да дознаете некои важни нешта кои ќе ви помогнат да напредувате.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Не би требало да ја пропуштите шансата кој ви се укажува во работата со лицата кои повеќе пати ја покажале својата лојалност дури и кога не сте биле сосема во право. Не се нервирајте ако не сте во состојба да го решите фамилијарниот проблем со кој подолго време сте соочени. Лавот од вас очекува финансиска поддршка.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе бидете многу популарни и приметени од секого. Ќе се најдете во една голема фрекфенција на средби и промени на планови и сето тоа ќе ве прави пренапнати, но со својата енергичност ќе успеете да ја надокнадите концентрацијата и понекој погрешно изговорен збор. Воздржете се од непотребни изјави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП