2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТркачкиот Lamborghini Huracan GT3 (фото+видео)

Тркачкиот Lamborghini Huracan GT3 (фото+видео)

gt huracan

Во седиштето на компанија беше одржана промоција на тркачката верзија на моделот „Huracan“, кој ќе се натпреварува во „Blancpain Endurance“ серијата во текот на 2015-та.

„Huracan GT3“ е опремен со аеродинамички додатоци кои во голема мера ја променија неговата надворешност.

gt huracan1

Oд предниот браник со нов спојлер, преку отворот на хубата, проширените крила, отворите за воздух зад предните и пред задните тркала, па до елементите на праговите и големиот заден спојлер, како и дифузорот – автомобилот ја доби физиономијата на вистински „тркач“.

Променета е и конструкцијата на возилото која е направена во комбинација на алуминиум-јаглеродни влакна, како и сопирачкиот систем.

Huracan GT3“ е опремен и со заштитен „рол-бар“ кавез во склад со прописите на „FIA“, па дури и отвор на покривот преку кој возачот може да го напушти автомобилот во итни случаи.

gt huracan2

„Lamborghini“ не ги соопшти техничките детали, но познато е дека за погонот е задолжена подобрена верзија на постоечкиот 5.2-литарски „V10“ мотор од серискиот модел. Моќта се пренесува на задните тркла со помош на шестстепен секвенцијален менувач.

„Huracan GT3“ ќе има официјална промоција на патеката Монца во април, а цената на овој тркачки модел на „Lamborghini“ изнесува 369.000 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП