21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИДоговор за платите меѓу Lufthansa и пилотите

Договор за платите меѓу Lufthansa и пилотите

lufthansa pilotii

„Eurowings“, нискобуџетниот претставник на германската авиокомпанија „Lufthansa“, склучи петгодишен договор за платите со 300 линиски пилоти.

Тоа претставува дополнителна фаза во регулирањето на социјалните конфликти во рамките на компанијата.

Договорот на сила од 1 јануари, како што наведе компанијата во денешното соопштение, се однесува на ревалоризацијата на платите за 2,5 проценти оваа година и најмалку два проценти во наредните години во зависност од инфлацијата.

„Lufthansa“ е изложена на разни социјални конфликти поради политиката за намалување на трошоците кои ги воведе управата за да им конкурира на нискобуџетните компании како што се „Ryanair“ и „EasyJet“, но и на транспортните компании, како што е „Emirati“.

Таа соопшти дека досега се склучени договори за плати со „Eurowings“, „Swiss International Airlines“, „Austrian Airlines“ и „Lufthansa CityLine“.

Конфликтот околу платите сеуште постои со речиси една половина од пилотитe во рамките на самата „Lufthansa“, а тука се и „Lufthansa Cargo“ и „Germanwings“, пренесува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП