21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо Унгарија стартуваше производството на Mercedes CLA Shooting Brake (фото+видео)

Во Унгарија стартуваше производството на Mercedes CLA Shooting Brake (фото+видео)

sb car

Вториот „Shooting Brake“ модел на „Mercedes“ кој е најприфатливото комби во палетата на брендот, започна да се произведува во фабриката во Кечкемет, Унгарија, соопштуваат од германската компанија.

Новиот „CLA Shooting Brake“ се произведува во овој погон заедно со „B-Class“ и „CLA“. Од „Mercedes“ не прецизираат колку примероци од моделот ќе се произведуваат годишно, но сепак посочуваат дека над 300.000 возила се симнале од производните линии на фабриката од нејзиното отворање во 2012-та година.

sb car2

Mercedes CLA Shooting Brake“ претставува комби верзија на седанот „CLA“, а го повторува дизајнот на скапиот и поголем „CLS Shooting Brake“. Автомобилот е долг 4630 мм, широк 1777 мм и висок 1435 мм.

Главната предност на моделот е багажникот со волумен од 495 литри, кој лесно може да биде зголемен за уште 100 литри, бидејќи наслоните на задните седишта се подвижни и можат да бидат ставени во исправена положба. Максималниот волумен на багажникот од 1354 литри се постигнува при склопувањето на задните седишта.

sb car3

„CLA Shooting Brake“ ги користи истите мотори како „CLA“. Дизел модификациите се две – „CLA 200 CDI“ (2.1-литарски мотор со 136 Кѕ и 300 Nm) и „CLA 220 CDI“ (2.1-литарски мотор со 177 Кѕ и 350 Nm). Кај бензинските модели изборот е меѓу „CLA 180“ (1.6-литарски мотор со 122 Кѕ и 200 Nm), „CLA 200“ (1.6-литарски мотор со 156 Кѕ и 250 Nm) или „CLA 250“ (2 0-литарски мотор со 211 Кѕ и 350 Nm), кој може да биде опремен и со системот за погон на сите четири тркала „4MATIC“.

Најдобриот модел во палетата ги носи иницијалите „CLA 45 AMG Shooting Brake“ и го користи познатиот 2.0-литарски бензински турбо-мотор со моќност од 360 Кѕ при 6.000 врт/мин и максимален вртежен момент од 450 Nm, кој е достапен меѓу 2250 и 5000 врт/мин. Агрегатот се комбинира со систем „4MATIC“ и автоматска трансмисија со седум степени „AMG SPEEDSHIFT DCT“, а забрзувањето на „CLA 45 AMG Shooting Brake“ од место до 100 км/час за само 4.7 секунди. Максималната брзина на движење е 250 км/час.

sb car4

Продажбата на „CLA Shooting Brake“ веќе започнаа на повеќето европски пазари, а првите испораки на клиенти ќе бидат реализирани во март оваа година. Во Германија цените на моделот почнуваат од 29.214 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП