19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSony се повлекува од канадскиот пазар

Sony се повлекува од канадскиот пазар

sonyprodav-

Јапонската компанија „Sony“ вчера објави дека ќе ги затвори своите продавници во Канада, но не ги наведе причините.

Две големи имиња во светот на трговијата „бегаат“ од канадскиот пазар. Овие денови затворање на сите продажни места објави „Sony“ и американскиот трговски ланец „Target“.

Јапонската компанија „Sony“ планот го објави вчера, но не ги прецизираше причините, a потврди дека оваа oдлука важи за 14 продавници и 60 работни места.

Нивните производи и понатака, тврдат, на Канаѓаните ќе им бидат на располагање преку мрежата на дистрибутери.

Кога станува збор за „Target“, ќе бидат затворени многу повеќе продавници – 133, а ќе бидат доделени и 17.600 откази. Во соопштението е наведено дека не нашле ниту теоретски „рецепт“ за враќање на профитабилноста на тој пазар, па затоа се принудени на повлекување. Признаа дека проблемот главно лежи во стратегијата за пребрзо отворање на преголем број на продажни места, но и неможноста за конкурентност со цените на тамошниот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП