6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlstom потпиша договор со Египет вреден 100 милиони евра

Alstom потпиша договор со Египет вреден 100 милиони евра

alstom-logo-getty

Еден од водечките светски производители на транспортни средства и опрема за електрани, француската компанија „Alstom“, договори со Националната египетска железница (ENR) бизнис вреден 100 милиони евра.

Овој договор е за снабдување со опрема за сигнализација на железничкиот пат Бени Суејф – Асјут, долг 240 километри.

Alstom“, кој во железничкиот сектор во Египет е присутен веќе 30 години, испораката на опремата ја планира за 2016-та година, а почетокот на употребата на системот е предвиден за јануари 2019-та година.

Oвој проект на „Alstom“, кој го финансира Светска банка, и кој се одвива под покровителство на надлежното министерство, ќе гарантира оптимална безбедност на патниците, со зголемување од 80 проценти во бројот на возови кои ќе се движат по тој пат, се додава во соопштението на француската компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП