18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОхридска банка со нов претседател на Управниот одбор

Охридска банка со нов претседател на Управниот одбор

Untitled

„Охридска банка“ која е дел од Сосиете Женерал групацијата, во следниот четиригодишен период ќе биде раководена од Бранка Павловиќ, која доаѓа на местото на досегашната претседателка на Управниот одбор Јитка Пантучкова.

Павловиќ најави дека ќе работи на тоа да продолжи позитивниот развој на банката, да се зголеми лојалноста и задоволството на постоечките клиенти и да се привлечат нови клиенти.

Да дадеме се од себе да ја задржиме репутацијата на една од водечките банки во Македонија. Банка која е посветена на своите клиенти, професионална и со одличен квалитет на услуги. Банка која може да продолжи со растот на пазарниот уддел, како што тоа беше случај во последните години, рече Павловиќ.

Досегашната директорка Пантучкова го оцени изминатиот петгодишен период како успешен за банката.

Банката денес има 29 експозитури и е присутна во сите градови со повеќе од 20.000 жители. По последниот период не само што отворивме нови експозитури, но исто така и ги преместивме експозитурите онаму каде што нивната големина или локација не одговараше на потребите на клиентите. Истовремено, го зголемивме повеќе од двојно нашиот пазарен удел во сите сегменти, а исклучителен пораст постигнавме кај корпоративните клиенти. Значително го проширивме нашето портфолио на клиенти и неговиот квалитет, го унапредивме соодносот на приходи и трошоци. Чекор по чекор, ги подобривме нашите комерцијални резултати и ја зголемивме профитабилноста, секоја година беше подобра од претходната, истакна Пантучкова.

Според неа, за успешниот развој на банката придонеле и позитивните промени во Македонија како што се стабилната и предвидлива монетарна и фискална политика, хармонизацијата на законот за банки со европските закони….

Пантучкова во следниот четиригодишен период ќе ја извршува функцијата претседател на Надзорниот одбор на Сосиете Женерал во Албанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП