25 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 16.01.2015

Дневен хороскоп 16.01.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе имате идеја како да ги решите проблемите во работата кои ги имате со некој Јарец или Шкорпија. Би требало да бидете во добри односи со Рибите. Чувствувате дека е потребно да промените нешто во својот став кон блиските соработници. Не дозволувајте гневот да го надвладее разумот.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Сите активности кои ќе ги преземете ќе бидат поврзани со средување на вашиот простор за живеење, а сето тоа ќе ве направи задоволни. Бидете внимателни со повозрасните личности првенствено блиските и немојте да си дозволите да бидат навредени од ваша страна. Соработниците на работното место гласно ќе ја пофалат вашата работа, можно е напредување.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Внимавајте од погрешни проценки, а исто така избегнувајте зависност од туѓи мислења и сугестии на професионален план за да имате успех и напредок. Најважни ќе бидат вистинските информации и вештината за говорење и пишување. Некои од вас ќе соработуваат со пријатели или роднини, а некои ќе тргнат на пат поврзана со некоја хонорарна работа.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ви доаѓа нова енергија која ќе ви помогне во пребродувањето на тешкотиите на кои ќе наидете. Ќе бидете свесни за својата сила и ќе имате волја за да издржите во реализирањето на вашите оргинални идеи, иако околината тешко ќе ги прифати. Не чекајте туку веднаш почнете со уверувањето на вашите колеги за вашата генијалност.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денеска не брзајте. Концентрирајте се на вашите секојдневни работи и живејте во мир. Нагалсен ви е односот со јавноста, пример, правни работи, договори или партнерство. Финансиската ситуација во моментот е задоволителна, па тоа нема да ве оптеретува. Некои од вас пак ќе бидат окупирани со размислувањата за нешто посериозно.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе сакате да се одморите, но тоа е дискутабилно колку ќе ви оди од рака. Некој навистина магнетски го привлекувате, но не сте задоволни со поедини случаеви. Врската со некоја помлада личност било тоа да е емотивна или деловна во секој случај е доста значајна. Резултатите од работата се видливи, но постои можност некој да ве изнервира.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Некој планира да ве повика на важен состанок. Но, вие денес нема да можете да и се посветите на работа, поради проблемите кои ќе се појават во љубовта и за тоа најверојатно ќе бидете осудени во деловниот свет. За пријателите и соработниците ќе бидете одлично друштво. Не ги нагласувајте дополнително грешките на партнерот, можен е прекин на врската.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денеска подобро ќе се чуствувате. Ќе располагате со малку енргија, но сепак ќе бидете мирни и ќе имате добар однос со претпоставените. Денот е поволен за деловни контакти и деловни зделки, но не и за голема заработувачка. Финансиската состојба не ви е најдобра.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Тотално сте конфузни во меѓучовечките односи бидејќи неколку нешта не ви одат од рака. Сакате да постигнете многу, а не сакате да ги откриете своите намери, со што ја затворате можноста некој да ви помогне. Некој успеал многу да ве збуни. Месечината и Нептун ќе влеат нервоза кај конзервативните претставници.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Не се нервирајте бидејќи новата работа не тргнала во посакуваниот правец. Некој Лав ќе ви подари одлични совети кои уште веднаш можете да ги примените. Некој ќе биде сериозен во намерите да ве убеди дека грешите, но не му обрнувајте внимание. Потешкотиите во емотивниот живот, решете ги со отворен разговор.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Како денот поминува така вие се повеќе ќе бидете заинтересирани да го обновите односот со еден Рак и една Шкорпија. Верувaте дека имате моќ да влијаете на мислењето на околината и да наведете некои драги лица да постапуваат на ваш начин. Не навлегувајте во политички расправии, ова не е поволен ден за тоа.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

На припадниците на овој знак, особено на оние од понежниот пол им се препорачува во исполнување на своите желби да бидат поотворени и поспонтани, доколку сакаат да ги разбере околината. Во спротивно ги очекуваат непријатни изненадувања и драматичен и емотивен пресврт. Тоа е последица на копнежот за разновидни љубовни контакти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП