27 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 15.01.2015

Дневен хороскоп 15.01.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Месечината во Шкорпија им одговара на оние страствените типови од вашиот знак кои се подготвени да им се најдат на другите кои се во невоља. Ако вашата работа има некаква врска со уметноста, можете да очекувате во вечерните часови состанок со некој огнен знак кој ќе ви понуди добра работа. Напнатиот аспект меѓу Марс и Сатурн ви носи тензија во работата со водените знаци.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Очекувате повик од некој Рак или Лав во врска со продолжувањето на соработката која би можела да ви донесе добар профит. Можете да имате бројни разговори со лицата кои живеат во странство и некои од нив ќе ви понудат заедничка соработка. Имате начин како да се договорите со некоја Водолија, Близанци или Девица околу продолжувањето на соработката.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Верувате дека имате големо влијание на другите и ќе бидете подготвени максимално да се ангажирате за работата која би можела да ви донесе сатисфакција. На некој му е важно да ве увери во своите добри намери, можно е да станува збор за Шкорпија или Девица. Ве очекуваат големи трошоци но и можност за добивка.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Позицијата на Сонцето во Јарец и Месечината во Шкорпија ве прават подготвени максимално да му се посветите на нешто што за вас е инспиративно, можно е да станува збор за работа за која е потребно да имате голема интуиција или некој посебен талент. Ќе добиете вест од еден Лав, Овен или некоја Водолија која би можела да ви помогне во врска со новата работа.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Напорен ден, особено ако морате да правите поголеми трошоци отколку што сте предвиделе или очекувате. Родените на почетокот на знакот можат да добијат поддршка од еден Јарец кој им ветил многу нешта во последно време, можно е да отпатувате во странство. Можен е одличен договор со Бик или Овен.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

На вас делува иритирачки аспектот меѓу Марс и Сатурн и ве прави нетрпеливи кога станува збор за партнерските односи, како деловните така и љубовните. Еден Овен може лесно да ве убеди да работите за него, особено ако сте Девица родена во август. Ќе добиете повик од еден Јарец да ја продолжите соработката.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Месечината во астролошката куќа на парите и работата е во напреден аспект и ви носи добри можности за заработка. Се трудите никој претерано да не ве оптеретува но всушност ќе се најдете во невоља од туѓи проблеми. Ќе добиете повик за соработка од Јарец.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Поволен ден за оние кои сакаат да ја обноват соработката или пријателскиот однос со некој кој некогаш им бил многу значаен. Добро ќе ви дојде разговорот со Овен, Рак или Лав кои добро ве познаваат. Можете да очекувате вест за пари. Обидете се да се договорите со некоја Водолија во врска со пари.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Имате многу обврски но не и трпение за оние кои сакаат да ви контрираат. Ако сте во можност да ја промените работата или да разговарате за некое ново работно место, ќе имате прилика вие да ги поставите плановите и да ја водите работата. Ќе добиете прилика да се сретнете со некоја личност на висока позиција.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Родните на почетокот на знакот очекуваат да им се јави некој со кој имаат намера да започнат некоја деловна соработка. Ако ви се јави некој Лав, имајте трпение за него бидејќи ќе ви предложи интересна соработка која би можела да ви донесе добра заработка. Можна е вест за патување во странство.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ве привлекува работата во медиумите или некоја компанија во чии рамки можете многу брзо да напредувате. Врската со Јарец или Шкорпија ви носи многу добри нешта, особено кога станува збор за стабилизацијата на финансиската состојба. Можна е позитивна вест од некој Бик кој е успешна личност.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Можете да имате голем успех во работата со некоја Шкорпија или лицата кои живеат во странство. Делумно се согласувате со еден Рак околу некои важни работи и сакате да го убедите дека треба да попушти околу нешто за што подолго време дебатирате. Можен е деловен состанок од кој очекувате многу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП