5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon oтвори 6.000 работни места во ЕУ

Amazon oтвори 6.000 работни места во ЕУ

amz de

„Amazon.com“ отвори во 2014-та во Европа 6.000 нови работни места со полно работно време, па така да може да одговори на зголемената побарувачка, „Reuters“ го пренесува соопштението од овој американски „online“ гигант.

Од компанијата велат дека сега во ЕУ имаат 32.000 постојано вработени, вклучувајќи работни места во логистичките центри, центрите за корисници, во одделението за дизајн, развојот на софтвер и управувањето на ланецот за снабдување.

„Се уште сме во фаза на вложување и се обидуваме да стекнеме уште посилна позиција во 2015-та“, вели Хавиер Гарамбоис, потпретседателот на „Amazon“ за малопродажба во ЕУ.

Од „Amazon“ велат дека отвориле околу 1.200 нови работни места во Германија, својот втор најголем пазар по САД, каде во магацините има вработено 10.000 луѓе, плус 10.000 сезонски работници.

Германски „Amazon“ беше погоден со низа штрајкови, поттикнати поради ниските плати и лошите услови за работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП