19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTiffany & Co. го призна поразот, продажбата намалена за еден процент

Tiffany & Co. го призна поразот, продажбата намалена за еден процент

214882-tiffany-660x330

Еден од најпознатите светски производители на накит, брендот „Tiffany & Co.“ ги објави резултатите поради кои Новогодишните и Божиќните празници ќе му останат во лошо сеќавање.

Продажбата на нивните производи е намалена за еден процент на нешто повеќе од милијарда долари и тоа во периодот од годината во кој на луксузната стока и расте популарноста.

„Очигледно е дека резултатите од празничниот период се разочарувачки. Притоа забележани се големи разлики меѓу одделни пазари. Во азиско-пацифичкиот регион продажбата е зголемена, како и во Европа, но таа е намалена во Јапонија и Америка“, изјави директорот на компанија, Михаел Ј. Ковалски, признавајќи дека негативниот тренд ќе ги промени прогнозите и за оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП