19 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИмате висок крвен притисок? Јадете како Викинзите!

Имате висок крвен притисок? Јадете како Викинзите!

44164880954b3d7cc77cea360890328_orig

Исхраната карактеристична за жителите на Северна Европа го регулира крвниот притисок, еден од најчестите здравствени проблеми и предизвикувачи на срцеви болести, велат научниците од Универзитетите во Копенхаген и Источна Финска.

Таквата исхрана е богата со бобичесто овошје, големи количини риба, масло од репка, интегрални житарки, сезонско овошје и свежи зачини, како и коренест зеленчук со малку месо.

Во текот на 24 недели, половина од испитаниците во истражувањето јаделе според принципот на нордиската исхрана без ограничување на калориите, додека остатокот од испитаниците јаделе нормално – според принципот на западната исхрана – со повеќе месо и тестенини.

Истражувачите ја мереле телесната тежина, крвниот притисок и го анализирале масното ткиво пред, за време и на крајот на студијата.

Откриле дека нордиската исхрана ефикасно го регулира крвниот притисок, но и го намалува ризикот од појавата на крвни згрутчувања, разни воспаленија во телото и дијабетес тип 2 влијаејќи на самите гени.

Иако исхраната не може да ја промени генетиката и склоноста кон одредени болести, таа може да влијае на делувањето на тие гени и така да служи како превенција од болести, заклучуваат научниците кои ги советуваат сите да се хранат „како Викинзите“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП