8 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМини детокс по празниците: Што можете да направите за вашето лице и...

Мини детокс по празниците: Што можете да направите за вашето лице и тело?

detoks

Дали знаете дека чистењето на организмот ќе ви помогне да ја вратите енергијата и да го подобрите здравјето?

Прејадувањето со божиќните специјалитети и пиењето на алкохолните пијалоци, не влијае лошо само на вашата фигура, туку и на вашата кожа. Особено ако цело време сте поминувале во задимени простории, со големи количини на храна и алкохол. Не е доцна да го исчистите телото, а овие 5 работи ќе ви помогнат полесно да го направите тоа…

1. Во текот на денот пијте 1,5 литар вода со малку свежо исцеден сок од лимон.

2. Изморената кожа нахранете ја со хранлива маска – ако немате купечка, едноставно направете ја од јогурт, малку банана и лажица мед или маслиново масло помешано со жолчка од јајце.

3. Печашете со брзо темпо – половина час е доволно, а ако имате слободен час, поминете го во прошетка на свеж воздух. Тоа ќе ви помгоне да ја решите надуеноста и да го забрзате метаболизмот, а вашата кожа повторно ќе изгледа здраво.

4. Јадете овошје. Знаеме дека веројатно ќе си помислите „Кој би јадел овошје после сите оние колачи?“. Но верувајте – витамините ви се повеќе од потребни. Портокалите и мандарините се одличен избор бидејќи се полни со витамин Ц.

5. Направете 30 скокови jumping jack. Тие ќе ја стимулираат циркулацијата и ќе ви ја вратат бојата на вашите образи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП