25 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИAirBaltic е најточната авиокомпанија во светот

AirBaltic е најточната авиокомпанија во светот

O

Летонската национална авиокомпанија „AirBaltic“ е најточниот авиопревозник во светот.

Ова го покажаа податоците на светскиот лидер во областа на информации од секторот за воздухопловство, компанијата „OAG“, која состави ранг листа по анализата на 43,5 милиони летови.

„AirBaltic“, според анализата на „OAG“, оствари точност од 94,9 проценти на летовите кои го поврзуваат главниот град на Летонија, Рига, со градовите на Европа, Блискиот Исток, Русија и Заедницата на Независни Држави, пренесува ТАСС.

Тоа значи дека повеќе од девет од десет летови на летонската национална авио-компанија пристигнуваат на време. Според глобалниот рејтинг, зад „AirBaltic“ е „Hawaiian Airlines“, „Austrian Airlines“, шпанската „Iberia“ и норвешката „Air Shuttle“.

„Нашите клиенти можат да се потпрат на точата услуга. Раководството на „AirBaltic“ е многу гордо на постигнатите резултати“, изјави извршниот директор на авиокомпанијата Мартин Гаус.

„Летонската авиокомпанија „AirBaltic“ ги надмина останатите конкуренти со показател од 94,9 проценти, што е многу повисоко од просекот“, истакна потпретседателот на „OAG“, Џон Грант.

„AirBaltic“ е основан во 1995 година. Неговата флота во моментов се состои од пет авиони „Boeing 737-500c“, осум „Boeing 737-300“ и 12 на „Bombardier“ од типот „Q400 next gen“.

Авиокомпанијата одржува директни летови од Рига кон повеќе од 60 дестинации.

Летонската авиокомпанија е првата компанија во Европа која во 2009 година воведе гаранција за благовремено пристигнување до одредена десетинација. Тоа подразбира дополнителни бонуси во случај на доцнење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП