9 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирници кои ги топат калориите

Намирници кои ги топат калориите

kafevffgtrrer55tr456

Постојат намирници кои можете да ги јадете секој ден, а кои ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот калории. Јадете паметно!

Обидете се да ги додадете во исхраната намирниците кои ви ги предложуваме и не заборавајте на вежбањето за уште подобар ефект!

Грејпфрутот го забрзува метаболизмот и помага при намалувањето на килограмите. Богат е со влакна и помага во стабилизацијата на нивото на шеќер во крвта.

Целерот крие една многу едноставна тајна – содржи малку калории, а многу согорува. Содржи и големо количество вода, па е одличен избор ако сте на диета.

Истражувањата покажаа дека вежбањето и зелениот чај комбинирани помагаат во брзото согорување на мастите на стомакот. Зелениот чај е полн со антиоксиданти и е еден од најдобрите средства за зајакнување на метаболизмот.

Научно е докажано дека омега 3 мастите делуваат како регулатор на метаболизмот и ја контролираат потрошувачката на масти. Важно е да ги внесете намирниците кои ги содржат или да користите суплементи.

Повеќето луѓе не можат да го замислат денот без кафе, а неодамнешните истражувања покажаа дека кофеинот од кафето може да ја зголеми потрошувачката на калории. Нормално, ова се однесува на кафето без шеќер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП