19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHonda заработи казна од 70 милиони долари

Honda заработи казна од 70 милиони долари

honda logo335

Американскиот регулатор за автомобилска безбедност ја казни „Hondа“ со рекордни 70 милиони долари, затоа што оваа компанија не ги известила властите за смртта и повредите на возачите и жалбите на сметка на возилата, објави ова регулаторно тело.

Државната администрација за безбедност на автопатиштата изрече казна од 35 милиони долари на јапонскиот производител на автомобили, затоа што не ги пријавила смртните случаи и повредите на 1.729 возачи во периодот од 2003-та до 2014-та година.

Агенцијата на „Hondа“ и издаде и уште една казна од 35 милиони долари, затоа што компанијата не известила за жалбите на сметка на возилата во тој период.

Максималната казна на оваа институција изнесува 35 милиони долари.

Двете истовремени казни заедно ја сочинуваат најголемата казна која „NHTSA“ ја има досега на некого издадено.

„„Honda“ и сите други производители на автомобили имаат одговорност за безбедноста, за која мораат да се придржуваат, без оправдување“, вели генералниот секретар на американскиот превоз, Ентони Фокс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП