26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЛуксузот има цена: колку ќе чини новиот Renault Espace? (фото)

Луксузот има цена: колку ќе чини новиот Renault Espace? (фото)

initiale

Засега не е познато кога новиот „Espace“ ќе пристигне во продажните салони ширум светот, но „Renault“ ги објави цените на овој автомобил на домашниот, францускиот пазар. Продажбата ќе започне напролет, а за најевтината верзија со дизел мотор со 130 ks, купувачите ќе мораат да платат 34.200 eвра.

Еден од нивните предци во сегментот на „MPV“ возила во Европа, „Renault Espace“, ја дочека петтата генерација.

Покрај целосно новиот дизајн, базиран на концептот „Initiale Paris“ од 2013-та, кој го карактеризира нагласена маска на ладилникот и голем амблем на нејзината средина, „Espace“ зa разлика од претходникот има значително помали странични стаклени површини, но и зголемено растојание од земја, кое припаѓаат во полето на кросовери.

„Renault“ на премиерата соопшти дека „Espace“ ќе биде полуксузен од претходникот, а сега имаме можност да дознаеме колку тој луксуз ќе чини.

initiale1

Основниот модел со пакетот опрема „Life“ и дизелот „Energy dCi 130“, кој е поврзан со мануелен менувач во Франција има почетна цена од 34.200 eвра.

Притоа, треба да се има во предвид дека овој автомобил има богата стандардна опрема која опфаќа „LED“ технологија за фаровите во цел обем, 18-инчни алуминиумски бандажи, панорамско ветробранско стакло, паркинг сензори, систем за преклопување на седиштата во вториот и третиот ред со едно притискање на копче, „R-LINK2“ мултимедијалниот систем со 8.7 инчен екран чувствителен на допир…

Моделот опремен со пакетот „Zen“, во Франција чини од 37.700 eвра.

Со него се добива „Multi-Sense“ систем со 4 претходно програмирани режими на возење: „Eco“, „Comfort“, „Neutral“ и „Sport“, како и петтиот наречен „Perso“ кој овозможува специјално подесување според навиките и потребите на возачот.

initiale2

Третиот по ред е пакетот „Intense“, стартува од 40.800 eвра и содржи уште и електрично отворање на вратата на багажникот, „head-up“ дисплеј, адаптивен темпомат, кожен пакет…

Најопремената верзија „Espace Initiale Paris“ може да се набави за 44.800 eвра, a со која купувачот добива и 19 инчни алуминиумски бандажи, премиум „Bose“ аудио систем со 12 звучници, систем за управување на сите 4 тркала, активен систем за суспензија со прилагодливи амортизери, греење на седиштата со десет начини за масажа…

Најскапиот модел со пакетот „Initiale Paris“, кој е опремен со „dCi 160“ дизел мотор со 160 „коња“ и автоматски „EDC6“ менувач со двојно квачило, чини 46.300 eвра.

Покрај двата дизели, моторизацијата го опфаќа и бензинецот „TCe 200“ кој произведува 200 ks.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП