8 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen: Копчињата и прекинувачите се минато (фото+видео)

Volkswagen: Копчињата и прекинувачите се минато (фото+видео)

golf touch

„Volkswagen“ претстави нов ентериер кој во иднина ќе ги краси автомобилите на оваа марка. Во внатрешноста на моделите на германскиот производител ќе доминираат екрани чувствителни на допир, додека со одредени содржини и функции ќе се управува и без контакт со прстите на дисплејот.

Меѓународниот саем за електроника (CES) во Лас Вегас беше можност големите светски производители на автомобили да ги прикажат најновите достигнувања.

„Volkswagen“ на овој саем го претстави прототипот „Golf R Touch“, кој покрај двобојната надворешност изгледа како стандарден продукциски „Golf R“, но со целосно нов концепт на ентериерот.

golf touch1

Германскиот производител разви технологија која им овозможува од кабината да отстранат повеќе класични прекинувачи и копчиња.

Срцето на новата кабина е мултимедијалниот систем со кој се управува преку големиот, 12.8-инчен екран чувствителен на допир. Под него, на долниот дел од централната конзола се наоѓа уште еден „touchscreen“, дијагонала од 8 инчи, со помош на кој ќе се контролира клима уредот и мултимедијата, додека третиот 12.3-инчен ја замени класичната аналогна инструмент табла.

Покрај тоа, „Volkswagen“ наместо сите стандардни механички прекинувачи инсталираше команди кои реагираат на допир на прстот.

golf touch2

Во компанијата тврдат дека возачот бргу ќе се прилагоди на новата средина и нема да има потреба да го трга погледот од патот, затоа што сите команди ќе имаат и гласовен одговор.

Најинтресна новина е дека возачот и сувозачот ќе можат да задаваат команди со едноставно движење на прстите пред екранот, недопирајќи го дисплејот.

Оваа сложена технологија, која „Volkswagen“ ја опишува како „„touchscreen“ во три димензија“ ја користи камерата која е поставена во кабината на внатрешниот дел од покривот и која го снима движењето на раката:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП