2 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 08.01.2015

Дневен хороскоп 08.01.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денес ќe почувствувате огромна количина на енергија во себе. Луѓето ќе се лепат за вас. Држете ги своите огнени емоции под контрола и не ги надминувајте границите. За вас е важно овој ден да им помогнете на другите и да не се плеткате онаму каде што не ви е местото.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Време е за акција. Имате прекрасни идеи и јасна визија за иднината. Ги имате сите потребни информации и сега се зависи од вас. Зачекорете храбро напред и не дозволувајте ништо да ве забави. Размислувајте надвор од рамките и ќе постигнете повеќе отколку што очекувате. Пошироката слика ќе ви овозможи повеќе уживање и подобра прегледност на ситуацијата.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Работниов ден би можел да биде развлечен и досаден, но подоцна ќе се пробудите и ќе започнете со активностите. Со денешниот ден започнува нов период за вас во кој своите идеи конечно ќе започнете да ги остварувате. Клучот од се е во акцијата. Размислете што зборувате и бидете внимателни во разговорите со другите.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денешната енергија ќе стане се поинтензивна како што денот поминува. Наутро ќе имате лежерно расположение, но со текот на денот ќе се активирате. Поделете го наученото со другите. Искористете го својот внатрешен мир за да ги решите стресните ситуации.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Веќе неколку денови се чувствувате многу изморено. Сте морале да донесете некои одлуки и некои луѓе не се најсреќни со тоа. Во вечерните часови ќе се случи голема промена на енергијата која ќе ве врати во акција. Повторно ќе бидете центар на вниманието. Бидете свои и користете ја дозата за хумор.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Утрото ќе ве дочека прилично неподготвени. Побарајте некој предизвик надвор од вашиот дом. Внимавајте само да не бидете премногу агресивни во своите намери. Ќе има потреба да смирите нечија бурна реакција.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Работите се одвиваат во ваша корист. Како поминува денот така вашата енергија расте. Конфликтите би можеле да настанат по заоѓањето на сонцето, бидете внимателни. Разговарајте со луѓето околу себе. Некој коментар од околината ќе ве замисли.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Интензивната енергија во овој ден навистина ќе ви одговара, маглата околу вас ќе исчезне. Побарајте ја вистината во се што работите и не губете ја залудно енергијата. Дишете длабоко и уживајте во прошетките со саканото лице.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денес започнува нов циклус за вас. Соберете ги сите ваши идеи и концентрирајте се на остварување на најдобрите. Сега е одлично време да започнете. Завртете го својот кревет во насока исток-запад и соберете дополнителна енергија. Оставете и на судбината да ве води, едноставно не можете да згрешите.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Целосно свесни започнете со нови чекори во вашиот живот. Можете ова утро малку да се одморите, но вечерта е резервирана за тешка работа. Мора да се вклучите во акција без оглед дали сакате. Внимавајте на вашите соништа вечерва и следните неколку денови, тие ќе ви донесат важна порака.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денешниот ден нема да го започнете добро. Сепак, како ќе поминува денот така вашата енергија ќе расте. Мислите ќе ви бидат поактивни, а главата полна со идеи. Разубавете си го денот така што ќе одвоите време за пријателите.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Уживајте во мирното утро. Вашите емоции денес ќе бидат многу силни, а сите околу вас ќе имаат некакво мислење за тоа што се случува. Можни се конфликти во кои вие не сакате да учествувате, но тоа нема да биде така лесно. Обидете се да го вратите мирот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП