3 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБојд Мултерер го напушта Microsoft

Бојд Мултерер го напушта Microsoft

boyd 35

Се чини дека времето околу Нова година најчесто е време за напуштање на досегашната и барање на нова работа. Барем така се чини кога станува збор за вработените на „Microsoft“.

Потсетуваме дека во овој период пред една година, оваа компанија ја напушти еден од долгогодишните вработени – Џон ДеВан кој беше главен инженер во „Microsoft“, а меѓу другото тој ќе остане запаметен и по својот придонес во изработката на првата верзија на „Excel“.

За разлика од ДеВан кој својата одлука со остатокот од светот ја сподели преку „Facebook“, Бојд Мултерер својата одлука за заминување од „Microsoft“ ја објави преку „Twitter“.

Само да напоменеме дека Мултерер во „Microsoft“ мина вкупно 18 години, како и дека е заслужен и за сервисот „Xbox Live“ на чие чело беше од самиот почеток.

Свој придонес тој даде и при дизајнирањето на конзолите „Xbox 360“ и „Xbox One“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП