ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи го намамува Фалкао

Челзи го намамува Фалкао

falcao

Во лондонскиот тим веруваат дека со нивната понуда до Атлетико Мардид, може да го расипат очекуваниот трансфер на колумбискиот голгетер во Реал Мадрид.

Англискиот премиерлигаш Челзи бара напаѓач, па затоа тие се подготвени да го доведат Фалкао, кој сепак е желба и на „кралевите“.

Имено, „сините“ ќе подготват понуда која Колумбиецот не би можел да ја одбие, а таа е нешто повеќе од 12 милиони евра по сезона за договор од 4 години.

Реал толку неможе да му понуди, додека не се ослободи од Кака. Исто така новите даночни закони во Шпанија овој договор би го направиле прескап, па Фалкао може да смета на понуда од околу 8 милиони евра. Не е тешко да се пресмета дека со заминување на Бернабеу тој би загубил околу 20 милиони евра.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП